Достојно одбележани 153 години од раѓањето на македонскиот идеолог и учител Гоце Делчев

475888920_1135264971020608_7878009357939815348_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска во СОУ – Гимназија “Гоце Делчев” пригодно се одбележаа 153 години од раѓањето на патронот на ова училиште, македонскиот национален херој и револуционер Гоце Делчев.

Со достојна почит кон ликот на предводникот на македонското револуционерно националноослободително движење, делегации од општина Куманово и Советот на Општината положија свежо цвеќе на бистата. Со кратка пригодна програма беше искажана огромна благодарност за вечното дело на водачот и борец за независна и слободна Македонија, Гоце Делчев.


Неговото непоколебливо залагање и борбата за самобитност на македонскиот народ ќе остане светол момент од херојската македонска историја за сите генерации.

The post Достојно одбележани 153 години од раѓањето на македонскиот идеолог и учител Гоце Делчев first appeared on Општина Куманово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK