Elysium – музичка вечер

Здружението на млади ентузијасти од Куманово – Music connecting people, организираше музичка манифестација под мотото “Биди и ти КУЛтура”, со поддршка на Фондацијата за култура и спорт Куманово и Општината, во рамки на програмата “Ноемвриски денови 2024”, во Занаетчиски дом. На целовечерниот музички проект со наслов Elysium, настапија локални изведувачи, кои настапија со специфичен авангарден перформанс, на задоволство на публиката. …

Continue Reading

Без струја останаа триесетина села од општините Битола, Новаци, Могила и Демир Хисар

Без електрична енергија се пелагониските села, а во моментов без напојување со струја се соочуваат жителите на триесетина села од општините Битола, Новаци, Могила и Демир Хисар. Според кол-центарот на ЕВН, струја нема во селата Драгарино, Црнобуки, Секирани, Гопеш, Стрежево, Породин, Лажец, Драгош, Дихово, Нижо Поле, Ѓавато, Маловиште, Мусинци, Црничани, Рапеш, Новаци, Бач, Живојно, Гермијан, Брод, Добромири, Кукуречани, Жван, Бабино, …

Continue Reading

Битолскиот градоначалник Коњановски на терен со зимската служба во Битола

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, вечерва е на терен заедно со екипите на зимската служба кои активно работат на расчистување на снегот од патиштата во повисоките села на општината. „Во моментот зимската служба ќе пристапи кон чистење на селата кои се наоѓаат на повисоките места во Битола. Екипите ќе бидат цела вечер на терен,“ изјави Коњановски.Со оглед на обилните …

Continue Reading

Делегација на Општина Струмица присуствуваше на празнувањата и одбележувањето на патрониот празник на градот Кукуш

Како дел од меѓународната соработка на Општина Струмица, на покана на градоначалникот на Општина Кукуш, Грција, г. Димитрис Киријакидис, на 28 ноември 2024 година, делегација на Општина Струмица присуствуваше на празнувањата и одбележувањето на патрониот празник на градот Кукуш, „Светите Петнаесет свештеномаченици“, според Грегоријанскиот календар. Делегацијата беше предводена од г. Ице Беличев, Советник во Општина Струмица, заедно со претставници од …

Continue Reading

Фатен е малолетникот што ја откорна таблата од Конзулатот на Србија во Куманово (ВИДЕО)

Полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 17-годишен малолетник од Куманово, постапувајќи по добиена пријава на 29.11.2024 во 09.05 часот дека е откорната табла од канцеларијата на Конзулатот на Република Србија во Македонија, лоциран во Куманово, соопшти МВР. Како што се наведува во соопштението од МВР, веднаш по добиената пријава, во координација со ОЈО Куманово, полициски службеници од СВР …

Continue Reading

Инцидент и во Куманово: насилно откорната таблата на српскиот Конзулат, настанот снимен на камера

Амбасадата на Република Србија во Македонија најостро го осудува вандалскиот чин што се случил синоќа на Денот на албанското знаме, кога од фасадата на зградата на Конзулатот на Република Србија во Куманово, во доцните вечерни часови, младо машко лице, обвиено со албанско знаме, насилно ја отстранило таблата со грбот на Република Србија и натписот „Конзулат на Република Србија во Куманово …

Continue Reading

Започнува реконструкцијата на сaлaта “Расадник”

Започнува темелната реконструкција на сaлaта “Расадник”. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, Претседателот на Владата Христијан Мицкоски и Министерот за спорт Борко Ристовски денес го означија почетокот на реконструкцијата на овој капитален проект , кој во изминатите 30 години, беше оставен на милост и немилост на времето, претворајќи се од најголема спортска гордост во најголем срам. Со правната битка што ја водеше градоначалникот …

Continue Reading

Објавени Конкурсите за финансиска поддршка на проектните и програмските активности на НВО-секторот и Месните заедници во 2025 година

Oпштина Гевгелија ги објави Конкурсите за финансиска поддршка на Здруженијата на граѓани од општина Гевгелија за организирање програмски активности и за финансиска поддршка на Програмите на Месните заедници во општина Гевгелија за организирање културни активности во 2025 година. На Конкурсот за финансиска поддршка на Здруженијата на граѓани од општина Гевгелија за организирање програмски активности имаат право да учествуваат сите регистрирани …

Continue Reading

Возобновени 19 мостови во Градски парк и реновиран Халк корнерот во Лептокарија

Халкбанк АД Скопје, во рамки на својата платформа за одржлив развој и заштита на животната средина HalkEco, изминатиот период ги заврши активностите за повторно обновување на 19 пешачки мостови во Градскиот парк, во Скопје, како и обновување на зелениот Халк корнер во трговскиот центар Лептокарија, во Скопје. Овие активности се дел од заложбите на Халкбанк како општествено одговорна компанија, активно …

Continue Reading