Осомничен за пожарот во Кочани: „Ние сме херои, спасивме 200 луѓе останавме до последен момент во огнот“

– Не се чувствуваме виновни, ние сме херои, спасивме 200 луѓе. Јас до последен момент останав во огнот за да ги извадам сите деца, да ги спасувам како мои. Имам две малолетни деца, кажа еден од осомничените за пожарот во Кочани на новинарско прашањето дали се чувствува виновен”. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска одржа прес конференција и рече …

Continue Reading

„Ништо не му беше невозможно“: колешка за возачот на брза помош во Кочани кој починал откако цела вечер превезувал повредени од пожарот

Иле Гочевски, возач на Брза помош од Кочани, почина откако превезувал повредени во пожар во дискотека. „Прерано не напушти нашиот Иле Гочевски. Пријател кој несебично секогаш го даваше својот максимум. Не знаеше да каже не“, стои во една од објавите посветени на возачот на Брзата помош од Кочани кој почина откако ги превезуваше повредените во пожар во дискотека. Иле Гочевски …

Continue Reading

Градоначалникот на Кочани поднесе оставка

„Во овие најтешки мигови за нашата земја и за мене лично, сакам да соопштам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на Кочани. Оваа загуба е огромна!“, напиша Љупчо Папазов на социјалните мрежи. „Не постојат зборови што можат да ја опишат болката што ја чувствуваме сите. Тие деца беа наши деца. Ги познавав повеќето од нив, ги познавав и нивните …

Continue Reading

Дискотеката во Кочани имала само два противпожарни апарати, немала хидрантска мрежа, имала само една импровизирана врата и таа била затворена: Обвинителството регистрирало бројни неправилности

Вечерва државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, обзнани дека по извршениот увид во дискотеката во Кочани, биле забележани многу неправилности. Тој рече дека во објектот било увидено дека нема хидрантска мрежа, недоволен број на ПП апарати, немало доволен број на врати и таа што ја имало била затворена со сунѓери за сузбивање на звукот, немало огноотпорен покрив, и дека просторот бил …

Continue Reading

Герасимовски: Семејствата и блиските на повредените можат бесплатно да се сместат во скопските хотели

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека семејствата и блиските на настраданите и повредените кои се хоспитализирани во скопските здравствени установи можат бесплатно да се сместат и да одморат во хотелите на територија на градот Скопје. „Семејствата и блиските на настраданите и повредените кои се хоспитализирани во скопските здравствени установи можат бесплатно да се сместат и да одморат во …

Continue Reading

„Ах бре убаво дете, сите списоци, сите болници ги баравме за да те најдеме, Струмица загуби талентиран музичар“, напиша Костадинов

„Ах бре убаво дете, сите списоци, сите болници ги баравме за да те најдеме, само да ни кажат дека си тука…“, напиша градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на социјалните мрежи. „Со неизмерна тага ја примив веста за трагичната загуба на нашиот сограѓанин, Горги Горгиев, кој го загуби својот живот во страшниот пожар во Кочани. Струмица загуби талентиран музичар, пријател и …

Continue Reading

Стефковски: Сместување за семејствата на повредените кои се на лекување во Скопје

Oпштина Гази Баба во координација со Владата на Република Македонија, а во соработка со ДУЦОР Партенија Зографски и Студенскиот дом Томе Стефановски Сениќ обезбедува сместување и храна за членовите на семејствата кои имаат свои повредени на лекување во болниците во Скопје. На секој граѓанин на кого му е потребно сместување и престој во Скопје може да се јави на следните …

Continue Reading

Герасимовски: Најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите, Општина Центар стои на располагање да помогне на Општина Кочани и на сите граѓани

Градоначалникот Горан Герасимовски изразува најдлабоко сочувство до семејствата, роднините и пријателите на загинатите во големата трагедија во Кочани и истакнува дека Општина Центар стои на располагање за да помогне на Општина Кочани и на сите граѓани. „Со голема тага и неверување утринава ја примив веста за трагедијата во Кочани, во која млади животи беа прерано згаснати. Најдлабоко сочувствувам со семејствата, …

Continue Reading

(Фото+видео) На социјалните мрежи се бараат информации за лица кои биле во дискотеката во Кочани

Роднини и пријатели преку социјалните мрежи ги бараат своите блиски кои вчера биле на концертот во кочанската дискотека која се запали.   Станува збор за фотографии од млади лица, на кои има напишано и телефонски броеви. Најмалку 50 лица се загинати во дискотека во Кочани во која ноќеска избувнал пожар за време на концерт на позната група. Според неофицијалните информации, …

Continue Reading