Делови од општините Центар и Карпош без струја

ЕВН Македонија, известува дека поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа денеска без напојување со електрична енергија ќе останат: – Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата Славејко Арсов (кај Вју Ин Хотел) во општина Центар и – Од 09:00 до 12:00 часот, дел од корисниците на улицата Ловќенска 1, 2 , 3 и 9 во општина Карпош.

Continue Reading

Дел од неколку општини без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека имаат планирано неколку прекини со водоснабдување и тоа: – поради уличен дефект ф-250мм на ул. Џон Кенеди бб (пред пензионерскиот дом), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населбата Топанско Поле-висока зона.Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот. (општина Чаир) – поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм …

Continue Reading

Општинската администрација и граѓаните на Струмица и денеска ја потврдија својата хуманост

Успешно заврши денешната крводарителска акција со вработените во општина Струмица и граѓаните коишто сакаа да ја даруваат оваа драгоцена течност којашто спасува човечки животи. Во акцијата којашто се реализираше во просториите на Младинскиот центар во општинската зграда, крв даруваа 45 вработени во општинската администрација и граѓани. Оваа крводарителска акција во организација на Општинската организација на Црвен крст Струмица, а во …

Continue Reading

Одбележан Светски ден на детето – 20 Ноември

На градскиот плоштад во Куманово, со пригодна програма наменета за најмалите, денеска е одбележан меѓународниот ден на детето, во организација на Општински совет за превенција на детско престапништво – Куманово и Отсек за превенција при СВР-Куманово. На културно – уметничкиот настан,кумановските фолклорни ансамбли КУД “Српски вез” и КУД “Бајрам Шабани”, им приредија забава на учениците од прво до петто одделение, …

Continue Reading

ЦРНОГОРСКИОТ АМБАСАДОР МИЉАНИЌ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД

Новоименуваниот амбасадор на  Црна Гора во Република Македонија,  Н. Е. Зоран Миљаниќ во придружба на црногорскиот конзул   Миодраг Андријашевиќ, денеска  беше во прва официјална посета на Општина Охрид. На средбата со градоначалникот  Кирил Пецаков се разговараше за зајакнување на економската соработка на  Охрид со збратимените градови Будва и Котор, а се разгледуваа и можностите за воведување авио линија Подгорица – …

Continue Reading

Децата со атипичен развој од Кисела Вода ќе добиваат бесплатна стручна поддршка од Институтот за специјална едукација и рехабилитација

Како дел од мерките за детска и социјална заштита и заштитата на лицата со попреченост, градоначалниот Орце Ѓорѓиевски потпиша меморандум за соработка со Деканот на Филозофскиот факултет од Скопје, Оливер Бакрески и Институтот за специјална едукација и рехабилитација. Согласно договореното, во сензорните соби низ основните училишта во општината ќе се одвива стручна пракса на студентите и наставниот кадар од институтот, …

Continue Reading

Францускиот јазик да се изучува во центарските училишта: Герасимовски и Ле Риголер со заедничка иницијатива

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска оствари пријателска и конструктивна средба со амбасадорот на Франција Кристоф Ле Риголер. На средбата, Герасимовски и Ле Риголер разговараа за интензивирање на соработката помеѓу Северна Македонија и Франција. „Со амбасадорот Ле Риголер разговаравме за интензивирање на соработката, особено во поглед на промоцијата на францускиот јазик во нашите училишта. Договоривме и низа настани и …

Continue Reading

СОУ Гимназија “Гоце Делчев” – Куманово започна нов Еразмус+ проект

Група на ученици и наставници од Гимназијата се домаќини на Еразмус+ проектот – Environmental mathematics, кој ќе трае 18 месеци. Проектните активности опфаќаат теми за заштита на животната средина, заштита на водените и копнени еко – системи и наоѓање на решенија за спречување на загадувањето, особено во населените места. За таа цел учениците имаат изработено две презентации, кои ќе бидат …

Continue Reading

Времеплов низ 8 десетлетија- Свечена академија за одбележување јубилеј од воспитно-образовната дејност во ООУ „Владо Кантарџиев“

Со Свечена академија, на којашто присуствуваа и ја проследија градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов; членови на Советот на Општина Гевгелија; локални и државни функционери, просветни работници и голем број граѓани, ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија ја одбележа својата 80-годишна воспитно-образовна дејност. За Патрониот празник и 80 години настава на македонски јазик, наставниците со своите ученици подготвија богата културно-уметничка програма, насловена …

Continue Reading