Градежни неправилности во Општина Карпош, ќе се бара објаснување од инвеститорите и надзорот


Photo-10-800x532.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалникот на општина Карпош заедно со дел од општинските службеници во текот на вчерашниот ден посетил две згради на улица Никола Парапунов и констатирал дека и во двата објекта бројот на паркинг места не се изведени во согласност со одобрението за градба од надлежните служби во општината, иако за тоа постои физичка можност, односно висината на гаражниот простор овозможува паркирање на две нивоа, информираат од Општина Карпош.


„Сопствениците, односно инвеститорите и надзорот ќе бидат повикани во текот на оваа седмица. Во зависност од тоа дали инвеститорите и надзорот ќе го коригираат овој недостаток ќе зависат и мерките кои што ќе ги преземе Општина Карпош против нив“, се истакнува во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK