ПРОМЕНА НА УЛИЧНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ НА УЛИЦАТА „ПИТУ ГУЛИ“
Денес и во наредните неколку денови, ќе се врши промена на уличното осветлување на дел од улицата “Питу Гули“, од пресекот со улицата „Јане Сандански“ до пресекот со улицата „Марко Нестороски“. Се молат возачите на повнимателно управување со моторните возила заради поголема безбедност на граѓаните. The post ПРОМЕНА НА УЛИЧНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ НА УЛИЦАТА „ПИТУ ГУЛИ“ first …
Continue Reading
(Видео) Кусакатска: Митески да одговори каде се ветените нови 100.000 метри квадратни зеленило во Аеродром
Пред само 4 години ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром ветуваше нови 100.000 метри квадратни паркови и зеленило. Нашите сограѓани се сведоци, ниту еден нов парк во Аеродром не е подигнат за 4 години, истакна на прес-конференција Марина Кусакатска од СДСМ Аеродром. Наместо тоа, вели таа, неискосени и пожолтени тревници полни со ѓубре и искршена урбана опрема, се последиците од управувањето на Дејан …
Continue Reading
Стартиот објект на „Мајски цвет“ се руши и се гради нов, Јакимовски најавува модерна градинка по сите стандарди
Започнаа градежните работи, со кои ќе се руши стариот објект и ќе се изгради нов модерен објект на градинката „Мајски Цвет“, во населбата Тафталиџе 1. Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, истакна дека по повеќе од шеесет години, стариот објект, кој бил од дрвена конструкција, ќе се замени со нов еколошки, енергетски ефикасен, асеизмички отпорен и сместувачки објект за најмалите …
Continue Reading
Леонид Цуклев- победник на Македонската олимпијада по информатика и дел од националниот тим за ИОИ И БОИ
Леонид Цуклев од Гевгелија е победник и освојувач на златен медал на Македонската олимпијада по информатика, која се одржа на 16 и 17 април 2025 година. Со овој успех, Цуклев се стекна со право да биде дел од националниот тим што ќе ја претставува Република Македонија на претстојните Меѓународни натпревари по информатика. Меѓу нив е и најпрестижниот- Меѓународната олимпијада по …
Continue Reading
СЕ ОПРЕМУВА НОВАТА ДЕТСКА ГРАДИНКА ВО ПОРАНЕШНИОТ ДОМ ЗА ДОЕНЧИЊА И МАЛИ ДЕЦА
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, ја посети новата детска градинка, сместена во објектот на поранешниот Дом за доенчиња и мали деца, која се очекува да започне со работа во септември оваа година. Објектот е целосно реконструиран со средства обезбедени од Министерството за социјална политика, демографија и млади и Општина Битола. Во моментот, се врши негово опремување со соодветен мебел …
Continue Reading
Герасимовски: Караванот „Се гледаме во маало“ денеска во Песталоци, продолжуваат теренските средби со граѓаните
Од Oпштина Центар најавуваат дека продолжуваат со теренските активности низ маалата, во рамки на караванот „Се гледаме во маало“, кој денеска (24 јуни) ќе се одржи во дворот на ООУ „Јохан Х. Песталоци“, со почеток од 18:30 до 20:00 часот. Караванот трае до 7 јули, и предвидува низа отворени средби во сите населби на Центар каде директно се разговара со …
Continue Reading
26 јуни: Пијано-концерт на Давид Павиќ „Од барок до романтизам“
На 26 јуни 2025 година (четврток), со почеток во 20:00 часот, во хотел „Аполонија“ – Гевгелија ќе се одржи пијано-концерт на младиот пијанист Давид Павиќ, под наслов „Од барок до романтизам“. Концертот се реализира во организација на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија, како дел од програмата „Гевгелија град на културата за 2025 година“. Со избраниот репертоар, Павиќ ќе …
Continue Reading
Воздухот во Гази Баба значително загаден, Стефковски побара помош од службите и граѓаните да се откријат сторителите
Во изминатите неколку денови, во делови од Гази Баба беше евидентирано значително загадување на амбиенталниот воздух, што предизвика загриженост кај граѓаните, а особено се чувствуваше во раните утрински часови. По тој повод градоначалникот Бобан Стефковски информира дека од првиот момент кога ја регистрирале оваа состојба, го задолжил Секторот за инспекциски работи дапочне со вонредни инспекциски контроли за откривање на изворите …
Continue Reading
Арсовска: Сопственикот на небезбедната зграда во Чаир упати сериозни закани што се пријавени во МВР
Бујар Аземи – сопственикот на 12-катницата во Чаир за која градоначалничката Данела Арсовска, тврди дека е небезбедна и изградена без документација, одобрение, проект и платени комуналии упатил бројни закани за што е поднесена пријава до МВР, информира Арсовска преку допис до медиумите. Градоначалничката тврди дека досега се пребројани 61 стан во зградата, сите биле незаконски градени, а постои обид да …
Continue Reading