Општина Аеродром, по 15 години, набави нова механизација за одржување на урбано зеленило
Општина Аеродром, по 15 години, набави нова современа механизација за одржување на урбано зеленило. Новите машини денеска беа ставени во функција во паркот „Авионче“ по претходна кратка обука на вработените за нивна правилна употреба, соопштија од Општината. Механизацијата на Општина Аеродром од денеска е збогатена со 4 нови „рајдер“ косилки, 5 моторни робусни тревокосачи, 5 професионални тримери за косење, а …
Continue Reading
Дводневна програма за чествување на 24 Мај- Патронот на црквата „Св. Кирил и Методиј“
Гевгелиското архиерејско намесништво со богата дводневна програма за одбележување на Патронот на црквата „Св. Кирил и Методиј“- 24 Мај. Чествувањето ќе започне на 23 мај 2025 година, со Акатист кон Свети Кирил и Методиј со петолебие. Вечерта, во дворот на црквата „Св. Кирил и Методиј“, од 18:45 до 19:30 часот , следува културно-уметничката програма. Ќе настапат: „Распеани гевгеличани“, Ансамбл „Бојмија“, …
Continue Reading
Одржано 3. издание на „Гевгелиски велотлон“
АМД „Дичо Панов“- Гевгелија и годинава собра 47 вљубеници во спортот кои се натпреваруваа на 3. по ред „Гевгелиски велотлон“, којшто се одржа на 18 мај 2025 година, на патеката „Курија“ во близина на Негорските Бањи. Учесниците од повеќе градови во Македонија се натпреваруваа во три дисциплини- возење со велосипед по off road патека, трчање и совладување препреки. Годинешен апсолутен …
Continue Reading
Кисела Вода со субвенции за пелети и печки на пелети
Во насока на унапредување на енергетската ефикасност и поддршка на домаќинствата, Општина Кисела Вода објави два јавни повици – за субвенционирање на набавка на пелети и за печки на пелети. Средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2025 година, преку Програмата за локален економски развој, потпрограма за енергетска ефикасност, извести Општината. Право на учество имаат сопственици на индивидуални станбени …
Continue Reading
Делови од Аеродром, Карпош и Сарај денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – Во периодот од 08:30 до 13:30 часот, корисниците од село Крушопек, општина Сарај; – Во периодот од 09:00 до 13:00 часот, Дел од корисниците на ул.1 во село Копаница, општина Сарај; – Во периодот од 09:00 до 15:00 часот, корисниците на улиците Руди Чајавец, Милан Зечар, Коста …
Continue Reading
ОПШТИНА БИТОЛА СЕ ВКЛУЧУВА ВО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА КУЛТУРНАТА РАЗЛИЧНОСТ
ОПШТИНА БИТОЛА СЕ ВКЛУЧУВА ВО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА КУЛТУРНАТА РАЗЛИЧНОСТ Во декември 2002 година, Генералното собрание на ОН го прогласи 21 мај за Светски ден на културната различност. Овој ден ја нагласува клучната улога на меѓукултурниот дијалог за постигнување мир и одржлив развој и е посветен на вреднување на културните разлики меѓу луѓето и земјите ширум светот. Општина …
Continue Reading
ОДБЕЛЕЖАН ЈУБИЛЕЈОТ-150 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА МЕТОДИ ПАТЧЕ
Со свечена академија и пригодна културна програма денеска во Охрид беше одбележан јубилејот-150 години од раѓањето на охридскиот револуционер Методи Патче. На настанот кој се одржа во спомен куќата на „Христо Узунов“ пред присутните гости се обрати Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски. – Овој меморијален центар е чувар на охридската револуционерна историја и во континуитет не потсетува …
Continue Reading
Опожарени три возила во Битола, едното на политичар од СДСМ
Три возила во Битола синоќа биле опожарени, а едното е сопственост на бизнисменот и поранешен кандидат за градоначалник од СДСМ, Христо Кондовски. Од полицијата информираа дека сите возила се во сопственост на приватни компании, извршен е увид и нема повредени лица. „Опожарени се патничко возило ‘тојота рав 4‘ со битолски регистарски таблички, сопственост на приватна фирма, а го користела С.К. …
Continue Reading
ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ
Секретарот на Општина Охрид, Александар Китески присуствуваше на свеченоста со која по традиција во просториите на Територијалната противпожарна единица се одбележа Денот на македонските пожарникари– 20 Мај. Секретарот ја изрази благодарноста до охридските пожарникари за безрезервниот придонес при справување со елементарни непогоди и спасување човечки животи и укажа дека локалната самоуправа работи за постојано осовременување на условите за работа и …
Continue Reading