ПРЕКРАСЕН КОНЦЕРТ НА ПАВЛЕ КАМИЛОСКИ ВО РАМКИ НА ВТОРАТА ВЕЧЕР ОД ОХРИД ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ

Вистинско музичко патување со џез евергрини приреди вчеравачер познатиот македонски баритон Павле Камилоски, во рамки на втората вечер од Охрид џез фестивал.   ‎Предворјето на црквата Света Софија  беше исполнето со последно место, што покажува дека Фестивалот се издигнува на едно повисоко ниво и дека Охрид полека но сигурно го добива приматот- центар на џез музиката во месец август. Помеѓу …

Continue Reading

Коњановски вети големи проекти, како реконструкција на улици, нов мост и инвестиции во спортот

На денешниот Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“, свое обраќање имаше градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој ги претстави проектите и инвестициите што се реализираат во градот. Коњановски истакна дека општината вложува во инфраструктурата преку целосна реконструкција на улици со водоводна и канализациона мрежа. Според него, веќе е завршена првата третина од комплетната реконструкција на 800-метарскиот влез …

Continue Reading

Работник почина на градилиште на автопатот кај Гостивар

Шеесетгодишен работник вчера го загубил животот на работно место при изведба на градежни работи на автопат во изградба, во атарот на селата Долно Ѓоновица и Симница, информираше полицијата. Станува збор за Д.П. (60) од селото Врашчиште, кој бил вработен во приватна градежна фирма ангажирана на трасата од автопатот. Засега нема информации за причините кои довеле до неговата смрт. Смртта на …

Continue Reading

Коњановски потрошил милиони без ниту еден капитален проект, рече Куновски од СДСМ

Кандидатот за градоначалник на Битола од редовите на СДСМ, Методија Куновски, на денешната прес-конференција изјави дека доаѓа крајот на, како што ја нарече, „четиригодишната ера на разочарувања и промашувања на актуелниот градоначалник Тони Коњановски“. „Битола заслужува градоначалник кој нема да работи за тебе, за мене, за мала група луѓе или за партијата, туку за сите граѓани. Човекот мора да биде …

Continue Reading

Османи: Чаир ќе стане центар на технологија, култура и младински идеи

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, на средба со младите од општината ја претстави својата визија за „Новиот Чаир“, посветена на урбана преродба и создавање општина на иднината. „Не можете да дизајнирате визија за Чаир без да ги вклучите младите кои сочинуваат речиси половина од населението. Тие се нашата најголема сила и највреден капитал“, истакна Османи. Во рамки на …

Continue Reading

ЗАПОЧНА ТРЕТОТО ИЗДАНИЕ НА „ОХРИД ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ“

Со етно-џез концерт на „Чалгија Саунд Систем“, вчеравечер во предворјето на црквата „Света Софија“ започна третото издание на „Охрид џез фестивал“ кој се организира под покровителство на Општина Охрид. На свеченото отворање на фестивалот пред присутните се обрати Претседателот ја Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски. –Драги љубители на музиката, Вечерва, Охрид дише поинаку. Дише со срцето на музиката, со …

Continue Reading

Општина Карпош: Го демантираме другарот на Мицкоски, Сотир Лукровски, дека има нерешени 11 000 предмети за легализација, а тој ќе ги решел за две и пол години

„Општина Карпош во целост го демантира другарот на Христијан Мицкоски, Сотир Лукровски, дека во општина Карпош има нерешени 11 000 предмети за легализација и замислете, тој ќе ги решел за две и пол години. Фактите говорат дека општина Карпош од 2011 до 2018 година има примено вкупно 12688 барања и од нив досега се решени 9385, а останати се уште …

Continue Reading

Дојранското Езеро пак ќе се полни: со соларни панели Владата ќе ги намалува трошоците за струја од 2,5 милиона евра годишно на хидросистемот „Ѓавато“

По неколкугодишен прекин, Дојранското Езеро повторно ќе се полни со свежа вода преку хидросистемот „Ѓавато“. Премиерот Христијан Мицкоски денес од самото место најави дека цевките и пумпите на хидросистемот, кои се нефункционални четврта година по ред, најбргу што може ќе бидат санирани и тој повторно целосно ќе биде ставен во функција, а превисоката сметка за струја ќе се намалува со …

Continue Reading

Соопштение до јавноста: На 26 август детална Јавна презентација  на Проектот „Гасовод помеѓу Северна Македонија и Грција на територијата на Северна Македонија“

На 26 август 2025 година, во општина Гевгелија ќе биде одржана детална Јавна презентација за Проектот: „Гасовод помеѓу Северна Македонија и Грција на територијата на Северна Македонија“, во организација на Акционерско друштво за вршење енергетска дејност- пренос на природен гас „НОГОМАС“- Скопје во државна сопственост, а во соработка со Општина Гевгелија. Јавната презентација ќе се одржи во ЈОУ Пионерски дом …

Continue Reading