Нов пристап и подобрена инфраструктура: Завршена изградбата на улицата „Новопланирана сервисна 2“ во Блок 5- „Касарна“

Во Урбан блок 5- „Касарна“ во Гевгелија е комплетирана изградбата и асфалтирањето на влезната улица „Новопланирана сервисна 2“. Со реализацијата на овој проект, Општина Гевгелија успешно исполни уште едно од приоритетните барања на жителите во овој дел од градот. Увид во реализираниот проект направи градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов. Новата улица значително го олеснува пристапот до домовите, создавајќи побезбедна …

Continue Reading

25 септември: Koнцерт за виолина и пијано „Гевгелиски музички таленти“

Со Концертот „Гевгелиски музички таленти“ завршуваат утрешните настани (25 септември 2025 година) за манифестацијата „Гевгелија град на култура“. Концертот ќе се одржи во хотел „Аполонија“, со почеток во 20:30 часот и е во организација на ЗГ „ Музички моменти“- Гевгелија, коешто годинава одбележува 25 години јубилеј од музичката дејност. На Концертот ќе настапат талентирани млади уметници, поранешни ученици во ООМУ …

Continue Reading

Со отворање на Изложбата „Реконфигурација“ продолжува утрешната програма (25.09.2025 г.) за „Гевгелија град на култура“

Утрешната програма (25 септември 2025 година) за „Гевгелија град на култура за 2025 година“ продолжува со отворање на Изложба на скулптури од вонр. проф. д-р Слободан Милошески, насловена „Реконфигурација“. Во оранизација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“-Гевгелија и во соработка со НУ Музеј- Гевгелија, изложбата е поставена во Уметничката галерија „Амам“, а отворањето ќе започне во 20:00 часот. Станува збор …

Continue Reading

НОВ АСФАЛТ НА НЕКОЛКУ УЛИЦИ ВО ГРАДОВ

Согласно годишната програма за уредување на градежно земјиште на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при Општина Охрид, деновиве  се работи на неколку локации во градов . Нов асфалт е поставен на  крак  од улицата „Гоце Делчев“ со површина од околу  1 600м2. Надлежните служби на општината работат и во населба Воска, се асфалтираат три краци од улицата „Васил …

Continue Reading

Реконструкција на улицата “Боро Кралевски” во Радишани

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски изврши увид во активностите за реконструкција на улицата “Боро Кралевски”, во должина од 568 метри. Од општината најавија дека градежната офанзива во населба Радишани продолжува. „Локалната самоуправа целосно ги реконструираше улиците “Симче Настевски”, “Киро Димушков” и “Скоевска”. Покрај тоа, во завршна фаза е изградбата на мега-паркот и плоштадот, на површина од 10.000 м2. Реализацијата …

Continue Reading

26 септември: Литературно читање по повод завршувањето на 3. работилница по креативно пишување во Библиотеката „Гоце Делчев“ – Гевгелија

Во рамки на манифестацијата „Гевгелија град на култура за 2025 година“, утре- 25 септември 2025 година (четврток), со почеток во 13:00 часот, во просториите на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија ќе се одржи Литературно читање по повод успешното завршување на 3. работилница по креативно пишување. На настанот ќе учествуваат ученици од 7. до 9. одделение од основните училишта, како и …

Continue Reading

Еден милион денари за еднодневен третман на кочанската депонија!

Третманот на депонијата во Кочани што Министерството за животна средина го вршеше минатиот викенд, ќе ги чини граѓаните близу пет милиони денари. Вршителот на должноста градоначалник на Општина Кочани Венко Крстевски упатува на скандалозна јавна набавка на Министерството за животна средина, посочувајќи податоци од договорот. „Во Кочани порамнување на отпад чини 3 250 денари по кубик, а во Никуштак (Липково) …

Continue Reading

Герасимовски: Општина Центар обезбеди дополнителна механизација за чистење на улиците и сметот

„Центар веќе подолго време се соочува со хаос во хигиената поради неработењето на ЈП „Комунална хигиена“ кое е под надлежност на Град Скопје. Илјадници граѓани секојдневно сведочат на преполни контејнери и нечисти улици, иако одржувањето на јавната чистота е законска обврска на градските институции“, велат од Општината. „Во вакви услови, Општина Центар со сопствени капацитети и преку локалното јавно претпријатие …

Continue Reading

(Видео) Герасимовски: „Комунална хигиена“ оставиле контејнери на сред булевар, целиот смет околу контејнерите не го собрале

Градоначалникот Горан Герасимовски, заедно со општинските хигиеничари и синоќа го чистеа сметот од центарските улици кадешто надлежност има ЈП „Комунална хигиена“ и Град Скопје. Повторно, тој и хигиеничарите ја завршија работата на градската власт која очигледно има кренато раце од хигиената во градот, велат од општина Центар. Герасимовски, истакнува дека дел од контејнерите вчера биле исчистени од ЈП „Комунална хигиена“, …

Continue Reading