Ресенчани алармираа: Преспа има годишно по 250 новозаболени од карцином, се бори со стерилетет и проблеми со тироидна жлезда, а тоне во ѓубре

На Преспа и треба заедничка акција која ќе тргне од граѓаните, а ќе ја продолжат институциите и од локаната и од централната власт за да за да се дојде до почиста животна средина која, пак, значи здравје за сиот жив свет, е заклучокот од денешната панел-дискусија „Здрава средина, здрав живот“ во Ресен организирана по повод Меѓународниот ден за животна средина …

Continue Reading

Објавен огласот за избор на најуспешен оризопроизводител на општина Кочани

Организацискиот одбор на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ во соработка со Одделението за јавни дејности во Општина Кочани  го објави огласот за избор на најуспешен оризопроизводител на општина Кочани. Право на учество во постапката за доделување на оваа награда имаа земјоделците жители на општина Кочани, чијшто имот се наоѓа на територијата на општина Кочани,  и кои се регистрирани или евидентирани …

Continue Reading

26 септември: Гостување на Градскиот мешан хор „Вардар“- Скопје со целовечерен концерт „Од Вардар за Вардар“

Во рамки на програмата „Гевгелија град на културата 2025“, на 26 септември 2025 година (петок), во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи целовечерен концерт на Градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје. Влезот е бесплатен. Настанот е дел од јубилејниот проект „Од Вардар за Вардар“, кој се реализира по повод 25 години од постоењето на хорот. …

Continue Reading

„АРТ УМ“ Фестивал 2025: Два дена Гевгелија го живееше современиот културен ритам

На 19 и 20 септември 2025 година, второто издание на Mултимедијалниот фестивал „АРТ УМ“ го претвори градот во сцена каде музиката, технологијата и визуелната уметност се испреплетеа во нов културен јазик. Организиран од Здружението „АРТ УМ 023“, Фестивалот е дел од програмата „Гевгелија град на култура 2025“, а неговото значење надминува рамки на еднократен настан- тој ја редефинира улогата на …

Continue Reading

Утре сабајле протест и блокада на мостот „Близнаци“ против депонијата Вардариште

Иницијативата „Стоп за Вардариште“ најави дека во петок, 26 септември, освен закажаниот протест во 18:00 часот, ќе се одржи и утрински протест со почеток во 07:30 часот. Протестот ќе биде со блокада на мостот „Близнаци“, кој ги поврзува општините Аеродром и Гази Баба. Од иницијативата ги повикаа работодавците да покажат разбирање и толеранција кон вработените кои евентуално ќе задоцнат на …

Continue Reading

ЈП Паркинзи на Општина Центар потпиша договор за сертификација на два меѓународни ISO стандарди: за поголем квалитет на услугите и грижа за околината

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“- Скопје, денес официјално потпиша договор за сертификација на два светски признаени ISO стандарди, со што, како што е соопштено, започнува ново поглавје во унапредување на квалитетот на услугите и грижата за животната средина. „Стандардите кои ќе бидат имплементирани се: • ISO 9001 – меѓународен стандард за управување со квалитет, насочен кон …

Continue Reading

(Фото) Герасимовски: Со новата механизација го исчистивме сметот во Центар

Градоначалникот Горан Герасимовски, информира дека во текот на вчерашниот ден хигиеничарите од општината со новата механизација за чистење го собраа целиот смет од улиците во Центар. „Целиот смет е собран од центарските улици. Нашите вредни хигиеничари вчера чистеа и во населбата Кале, а потоа со цистерна ги миеја улиците. Самите го исчистивме Центар, додека Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ …

Continue Reading

Кај 11 лица од Трубарево утврдени иритации на грлото при скринингот

Кај 11 лица од Трубарево се утврдени иритации и надразнување на грлото при првиот ден од скринингот што го спроведува Министерството за здравство во соработка со Клиниката за пулмологија. Лицата се упатени на дополнителни испитувања во Клиниката за пулмологија. Скринингот почна вчера (24.09.2025) и во текот на првиот ден биле прегледани вкупно 111 лица – 56 на Пункт 1 и …

Continue Reading

Делови од Аеродром и Гази Баба денеска без вода

По добиеното известување од ЈП Водовод и Канализација, Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека денеска поради планирани зафати без водоснавбдување ќе останат: · поради изведување на водоводен приклучок ф 80 мм на улица Блажо Орландиќ бр.38 А, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на потегот од булевар Србија до улица Тодор Чангов. Водоснабдувањето ќе биде …

Continue Reading