(Фото+видео) Радичевски очекува поголема поддршка во вториот круг, Мицкоски повика на единство
Кандидатот за градоначалник на Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, очекува поголема поддршка во вториот круг од локалните избори и победа, а најави дека со поддршка од Владата и премиерот Христијан Мицкоски се реализираат повеќе проекти во општината. Радичевски денеска, заедно со Мицкоски, беше во теренска посета на населените места Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница. „Најнапред сакам да му се заблагодарам …
Continue Reading
(Видео) Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?
Стефан Кирков од Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска побара од Општина Центар да ги разјасни условите под кои се гради објект во скопската населба Буњаковец, посочувајќи на проблеми со паркирањето, зеленилото и движењето на пешаците. Кирков, кој се обрати од улицата „Костурски херои“, поранешна „29 Ноември“, изјави дека, според информациите со кои располага, за објектот не е предвиден соодветен паркинг-простор, …
Continue Reading
Градоначалничката на Општина Кисела Вода на работна средба со претставници на куќните совети и заедниците на станари
Градоначалничката на Општина Кисела Вода денеска оствари работна средба со претставници на куќните совети и заедниците на станари. На иницијатива на Општината, со цел унапредување на условите во колективните живеалишта, на состанокот присуствуваа и општинските инспекциски служби, како и претседателот на Регулаторната комисија за домување, Никола Затуроски. Основната цел на оваа средб, според соопштеното, беше преку отворен дијалог директно да …
Continue Reading
Реконструкција на салата „Македонија“ во Прилеп, инвестиција во идните шампиони
-
новинар
-
October 22, 2026
-
Македонија, Општини
-
0 Comments
Спортската сала „Македонија“ во Прилеп конечно ќе добие целосна реконструкција по децении запуштеност, со што градот ќе добие обновен спортски објект наменет за тренинзи, натпревари и рекреација. Вредноста на инвестицијата изнесува 180 милиони денари со вклучен ДДВ и претставува нов мотив за испишување на идни шампиони. Проектот на Министерството за спорт е предвиден во рамките на Програмата за изградба, реконструкција …
Continue Reading
Герасимовски на регионална конференција во Белград: Потребни се одржливи решенија за паркирањето
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, гостуваше на конференцијата PARkon 2026 во Белград, на која учествуваа претставници на јавните претпријатија за паркирање од регионот. На настанот на Општина Центар – Скопје ѝ беше доделена јубилејна благодарница од Здружението на паркиралишта на Србија за исклучителен придонес, долгогодишна соработка, поддршка и несебична професионална работа во развојот на паркинг-индустријата. Конференцијата беше и повод …
Continue Reading
Јапонија донираше ново возило за управување со смет на општина Могила
На 21 октомври 2026 година, Н.Е. Сецуко Кавахара, амбасадорка на Јапонија, присуствуваше на церемонијата по повод примопредавањето на успешно завршениот проект во рамките на Програмата за грантови за мали проекти (GGP) во општина Могила. Домаќин на церемонијата беше градоначалникот на Општина Могила, Драганчо Саботковски. Во рамките на проектот беше обезбедено ново возило за собирање отпад од марката „Mitsubishi Fuso Canter“ …
Continue Reading
(Фото) Започна целосната реконструкција на „Бутелска“ и „Радишанска“
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски извести дека започнала целосната реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“. „Кога заедно со Дарко Костовски ја баравме довербата од граѓаните, дадовме јасно ветување, дека во текот на мојот мандат, овие две значајни улици во Бутел ќе бидат целосно реконструирани. Денес, за неполна година од преземањето на одговорноста, долгогодишното барање на жителите веќе станува дело. …
Continue Reading
Се воведува забрана за риболов на крап во Мавровското Езеро
Со одлука на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, се забранува риболов на крап (Cyprinus carpio) во рекреативната зона „Мавровско Езеро“ до 31.12.2026 година. Забраната е донесена согласно член 84 став (1) точка 1 од Законот за рибарство и аквакултура („Службен весник на РСМ“ бр. 64/24 и 160/25), по барање на ЈУ Национален парк Маврово и со позитивно мислење од …
Continue Reading
Општина Центар спроведува анкета со која граѓаните можат да ги дадат своите мислења за еколошките проблеми
Општина Центар ги повикува граѓаните активно да се вклучат во изработката на новиот Локален Еколошки Акционен План (ЛЕАП 3) за периодот 2026–2032 година. Локалната самоуправа започна со подготовка на новиот стратешки плански документ од областа на животната средина, во кој ќе се идентификуваат актуелните еколошки предизвици и ќе се понудат решенија за нивно надминување. „Општина Центар спроведува анкета со која …
Continue Reading