Густ црн чад во Скопје: пријавено лице што палело кабли во Маџари

Густ црн чад попладнево можеше да се забележи во делови од главниот град, откако било пријавено лице што горело кабли на депонија во населбата Маџари. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека пријавата се однесувала на локација кај црквата зад пругите во Маџари. Случајот бил пријавен на бројот 112. Пожарот е изгаснат.

Continue Reading

Герасимовски: Акробати, танчери и улични перформанси во Центар, јавен повик за Светскиот ден на уметноста

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повикува здруженијата, организациите и уметниците од Центар да се пријават за финансиска поддршка за проектот „Светски ден на уметноста“. Во рамките на настанот, на центарските улици ќе се организираат уметнички улични перформанси по примерот на поголемите светски културни центри, со учество на музички, акробатски, танцувачки и други изведувачи кои со своите точки ќе …

Continue Reading

Доградбата на ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода влегува во завршна фаза

Градежните активности за доградба и проширување на општинското основно училиште „Кирил Пејчиновиќ“ влегуваат во својата завршна фаза. Градоначалничкатана Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска – Трајкоска, денеска изврши увид на терен, каде интензивно се работи на финализирање на овој значаен проект. Таа посочи дека со изградбата на нови 390 квадратни метри простор, односно по 130 квадрати на секој кат, трајно се …

Continue Reading

Со процена од околу 21.800 евра, аудито на Мерко ќе се продава на аукција, објавија од општината

Од Општина Струга информираат дека на 16 март ќе се одржи аукција за продажба на автомобилот на поранешниот градоначалник Рамиз Мерко „Ауди А6“ со почетна цена од 1.344.636 денари или околу 21.800 евра. Аукцијата, како што соопштуваат од општинската прес-служба, ќе почне во 10 часот на интернет страницата e-stvari.mk. „Конечно, многу коментираниот автомобил на поранешниот градоначалник на Општина Струга ќе …

Continue Reading

Дел од Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Дрезденска бр. 5 и улицата Панче Пешев, општина Карпош; – во периодот од 10.30 до 13.30 часот, дел од корисниците од Горно Нерези, општина Карпош.

Continue Reading

Нови компјутери за учениците во ООУ “Мирче Ацев”

💻 3️⃣0️⃣НОВИ КОМПЈУТЕРИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ВО ООУ „МИРЧЕ АЦЕВ“ Продолжуваме со подобрување на условите за настава во училиштата во Општина Ѓорче Петров. Во ООУ „Мирче Ацев“ обезбедивме 3️⃣0️⃣ нови персонални компјутери, со што за првпат се создава можност секој ученик да работи на свој компјутер во кабинетот по информатика. Со ова учениците добиваат подобри услови за настава и можност да …

Continue Reading

Василево добива енергетски ефикасен Дом на култура

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со градоначалникот на Василево, Славе Андонов, изврши увид во реализацијата на инфраструктурниот проект „Creative DG EcoTour“, кој се спроведува во рамки на Програмата INTERREG VI-A IPA со Бугарија 2021–2027. Проектот предвидува реконструкција и опремување на Домот на културата во село Градошорци, со цел постигнување висока енергетска ефикасност и примена на обновливи извори на …

Continue Reading

Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски. Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година. Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти …

Continue Reading

Јавно Соопштение – Пакет за објавување на ОВЖССА и покана за јавна презентација

„Алказар Енерџи Партнерс“ го развива Ветерниот парк Штип со капацитет до 396 MW. Како дел од процесот на Oценка на влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти (ОВЖССА), со поддршка на општините Штип, Радовиш и Карбинци, ги покануваме сите заедници и заинтересирани страни да го следат Пакетот за објавување на ОВЖССА и да присуствуваат на Јавната презентација на ОВЖССА. Извештајот …

Continue Reading