Промовиран едукативниот филм „Кликни безбедно“ во Кисела Вода: Заедничка мисија за заштита на децата во дигиталниот свет

Во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во општина Кисела Вода денеска се одржа промоција на едукативниот анимиран филм „Кликни безбедно“. Настанот, кој е дел од проектот MKSafeNet – Центар за побезбеден интернет, ги обедини претставниците на централната и локалната власт во заедничката цел: подигнување на свеста за дигиталната писменост и заштита на најмладите во виртуелниот простор. На промоцијата, покрената на …

Continue Reading

Започна изградбата на спортската сала во дворот на ООУ „Стив Наумов“ Битола

Започна изградбата на типската училишна спортска сала во дворот на ООУ „Стив Наумов“ Битола. Денеска градоначалникот на Битола, Тони Коњановски беше на локацијата каде ќе биде изградена оваа училишна фискултурна сала на површина од 650 м2. Објектот е наменет за спортски и рекреативни активности во мали спортови како кошарка, одбојка, гимнастика, ракомет, пинг понг и други спортови поврзани со училишното …

Continue Reading

Обвинителството отвори предмет по допрен глас за неправилности во Центарот за социјални работи во врска со трагичниот настан во Тафталиџе

Јавното обвинителство извести дека е оформен предмет по допрен глас, по објавените информации во медиумите за констатирани неправилности при извршениот инспекциски надзор во Центарот за социјални работи во врска со трагичниот настан во Тафталиџе, кога загинаа мајка и ќерка по пад од балкон. „Врз основа на информациите објавени во медиумите за констатирани неправилности при извршениот инспекциски надзор во Центарот за …

Continue Reading

ВЛЕН: Уште еден модерен базен за Чаир, инвестиција од еден милион евра

„ВЛЕН продолжува со добра работа и конкретни проекти што го менуваат животот на граѓаните, додека Чаир се надополнува со уште една важна инвестиција во спортот и младите. Со инвестиција од околу еден милион евра, се гради модерен базен, втор по ред на територијата на општина Чаир, кој ќе им служи на младата генерација и на целата општина. Станува збор за …

Continue Reading

Подобрен пристапот до населеното место Моин со реконструкцијата на влезната улица

Влезната улица во населеното место Моин е целосно реконструирана и пуштена во употреба, со што значително се подобрува пристапот и сообраќајната поврзаност во ова населено место. По повод завршувањето на градежните работи, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов изврши увид во реконструираната улица и се сретна со жителите на Моин. Реконструкцијата е реализирана преку Проект во соработка со Министерството за …

Continue Reading

Решение за свикување на осмата седница  на Советот на општина Струмица

Совет на општина Струмица     Бр.08 – 1883/1     05.03.2026 год.     С т р у м и ц а   Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица …

Continue Reading

Без струја денеска делови од Центар и Карпош

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 08.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата Мирослав Крлежа, како и корисниците од улиците Наум Наумовски Борче, Антоние Грубишиќ и Орце Николов, општина Центар; – во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата Миле Поп Јорданов лоцирани во околината на …

Continue Reading

Дел од Карпош денеска без вода

РЦУК Скопје известува дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Јосиф Михајловиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Јосиф Михајловиќ и Атанас Бабата, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

Continue Reading

Густ црн чад во Скопје: пријавено лице што палело кабли во Маџари

Густ црн чад попладнево можеше да се забележи во делови од главниот град, откако било пријавено лице што горело кабли на депонија во населбата Маџари. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека пријавата се однесувала на локација кај црквата зад пругите во Маџари. Случајот бил пријавен на бројот 112. Пожарот е изгаснат.

Continue Reading