Обвинителството отвори предмет по допрен глас за неправилности во Центарот за социјални работи во врска со трагичниот настан во Тафталиџе


javno-obvinitelstvo-skopje-35wpa7af7xrjmtu84z4zk0.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јавното обвинителство извести дека е оформен предмет по допрен глас, по објавените информации во медиумите за констатирани неправилности при извршениот инспекциски надзор во Центарот за социјални работи во врска со трагичниот настан во Тафталиџе, кога загинаа мајка и ќерка по пад од балкон.


„Врз основа на информациите објавени во медиумите за констатирани неправилности при извршениот инспекциски надзор во Центарот за социјални работи, Јавното обвинителство на РСМ оформи предмет по допрен глас и го проследи на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Скопје, кое ќе преземе дејствија на проверки за да испита дали со овие неправилности се исполнети елементи на кривично дело кое се гони по службена должност“, соопшти Јавното обвинителство.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK