Делови од општините Карпош и Петровец денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска поради планирани технички активности без електрична енергија ќе останат следните корисници: – Во период од 09,00ч до 15,00ч селата Дибље, Сушица, Живиње, Катлановска Сушица, општина Петровец и – Во период од 11,25ч до 14,25ч улицата Јани Лукровски, општина Карпош.
Continue Reading
(Фото) Меџити: Розовиот октомври нè обединува во солидарност, грижата за здравјето на жените е секојдневна одговорност
Општина Чаир организираше посебна вечер посветена на Розовиот октомври, меѓународниот месец за подигнување на свеста за ракот на дојка, во просториите на Музејот на современата уметност во Скопје. Настанот обедини здравствени работници, уметници и учесници од Северна Македонија, Косово и Албанија. Во рамки на оваа иницијатива, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, упати порака за важноста на подигнувањето на свеста …
Continue Reading
Стојна од Кратово повторно приведена: скопјани ја пријавиле дека се обидела да им наплати влезници на „Куклица“ и им се заканувала
Полицијата повторно ја приведе 41-годишната Стојна Димитровска од Кратово, откако двајца посетители пријавиле дека се обидела да им наплати влезници за туристичкиот локалитет „Камени кукли“, а потоа им се заканувала. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, таа била приведена вчера (27 октомври), во 11:30 часот, по претходна пријава од двајца скопјани. „На 27.10.2026 во 11:30 часот, полициски службеници од …
Continue Reading
Мицкоски до жителите на Брвеница: Не дозволувајте да ве делат, и по 1 ноември ќе живеете еден со друг, Македонци и Албанци
Во пресрет на вториот изборен круг за градоначалник на Брвеница во недела, премиерот Христијан Мицкоски вели дека очекува поддршка од жителите без разлика на етничка или партиска припадност. Им порача да не подлегнуваат на етничките поделби и ги повика да гласаат за оние кои сметаат дека ќе им донесат подобри времиња. „Мојата порака кон нив е следна: дека тие ќе …
Continue Reading
Уапсени четири лица за двата смртни случаи во Ѓорче, МВР откри дека станува збор за разбојништва
Четири лица се уапсени во врска со двата случаи во кои 62-годишен маж и 76-годишна жена беа пронајдени мртви со траги од насилство во своите домови во Скопје, на 22 и 27 октомври. Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека осомничените се поврзуваат со двете кривични дела, кои сега се квалификувани како „разбојништво со последица смрт“. Од СВР Скопје информираат …
Continue Reading
Општина Кисела Вода: Започнува проектот „Безбедно домување“
Општина Кисела Вода започнува со реализација на проектот „Безбедно домување“, кој има за цел надминување на предизвиците со кои се соочуваат управителите на згради, куќните совети и заедниците на станари. На неодамна одржаната работна средба со претставниците на куќните совети и заедниците на станари, на која покрај градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска и општинските инспекциски служби присуствуваше и претседателот на Регулаторната …
Continue Reading
Коњ падна на улица во Кавадарци: жена му помогнала на измаченото животно и го ослободила од каишите
Коњ во тешка состојба се струполил на улица во Кавадарци. Му помогнала кавадарчанка која го ослободила од каишите и му дала храна и вода. Измаченото животно било спасено и одземено од сопствениците соопшти и градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев откако случајот предизвика бурни реакции во јавноста. „Случајот со измачениот коњ, кој се струполи на улица во Кавадарци, ја вознемири јавноста …
Continue Reading
(Фото/Видео) Голема акција на зелениот пазар во Чаир: запленети 135 килограми тутун
По сузбивање на меѓународна група на организиран криминал со увози на цигари, Царина со засилени контроли и на зелените пазари – со сеопфатен пристап до жестока борба со нелегалната трговија со тутун, велат од Царинската управа. „Царински службеници од Царинарница Скопје и мобилни тимови од Одделението за оперативни работи извршија претрес на тезги на зелениот пазар во Чаир, при што …
Continue Reading
Засилени инспекциски контроли во Општина Карпош, изречени 276 казни
Во периодот од 19 до 26 октомври, Општина Карпош и Град Скопје спроведоа голема заедничка инспекциска акција на територијата на Карпош, со цел поголем комунален ред, чисти јавни површини и почитување на законските обврски. Во акцијата учествуваа 45 инспектори и комунални редари од двете институции, распоредени во пет реони и две смени, со контроли од областа на комуналната хигиена, животната …
Continue Reading