Интензивни контроли и мерења на прекумерната бучава, високи казни за непочитување на законските норми, најави општина Аеродром
Општина Аеродром започнува со интензивни контроли и мерења на прекумерната бучава, со цел заштита на здравјето, мирот и квалитетот на живеење на граѓаните. Согласно со член 9 од Законот за заштита од бучава во животната средина, забрането е емитирање бучава над пропишаните гранични вредности. Во станбените објекти, во вечерниот период од 19:00 до 23:00 часот, дозволеното ниво на бучава не …
Continue Reading
Општина Илинден: Новогодишен базар „Патека на радоста“ 2026 година
Општина Илинден и оваа година во соработка со општествено одговорни компании подготви интересни содржини за жителите, каде од 26 до 28 декември на новоизградениот парк – плоштад во н.м. Марино, под мотото „Патека на радоста“ се одржува Новогодишен базар, известуваат од Општината. Базарот, под покровителство на општина Илинден и на неколку општествено одговорни компании, ќе понуди богата и разновидна програма …
Continue Reading
Герасимовски: Дом за стари лица, нова градинка и зголемени субвенции за граѓаните, буџетски приоритети за Центар во 2026
Советот на Општина Центар на 3. Седница едногласно го усвои Буџетот за 2026 година. Проектираниот основен буџет на Општина Центар за наредната година изнесува 1.217.450.000 денари и претставува највисок буџет досега. Од вкупниот износ, 527.230.000 денари, односно 43 проценти, се наменети за капитални инвестиции, додека 690.220.000 денари, односно 57 проценти, се планирани за тековни оперативни расходи, известуваат од општина Центар. …
Continue Reading
Прекинат прагот на алармирање во Кичево, престануваат да важат мерките и препораките
Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на ден 24.12.2025, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 mg/m3 и епизодата со надминување на прагот на алармирање за РМ10 честички е прекината во Кичево Со тоа мерките и препораките за надминат праг на алармирање се прекинуваат.
Continue Reading
Учениците од ДСУ „Никола Карев“ ќе ги санираат клупите во градскиот парк
Учениците од дрвопреработувачката струка од ДСУ „Никола Карев“ во соработка со општина Струмица и „Комуналец“ ќе ги санираат оштетените клупи во градскиот парк и во останатите делови од градот. Заедно со професорот Никола Узунов, деновиве направија увид и констатираа дека вкупно 190 клупи за седење треба да се санираат, односно да се постават нови дрвени подлоги кои ќе ги изработат …
Continue Reading
Кога каменот станува пејзаж: визуелниот свет на Иван Кал’чев претставен со изложбата „Суисеки“
Во време кога визуелната бучава станува секојдневие, а вниманието сè пократко, изложбата „Суисеки“ на гевгелискиот визуелен уметник, Иван Кал’чев, понуди поинаков вид визуелен спектакл- спектакл на форма, природна хармонија и концентрирано гледање. Камења обликувани од времето, внимателно поставени и оставени да „зборуваат“ без зборови, ја претворија Уметничката галерија „Амам“ во простор на силно визуелно и сетилно доживување. На 23 декември …
Continue Reading
Продолжуваат градежните активности на улицата „Љубљанска“, повторно се активира проектот за мостот во Карпош
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес изврши увид во продолжувањето на градежните активности на улицата „Љубљанска“, со што по долг период на застој повторно се активира проектот за ставање во функција на мостот во општина Карпош. Со продолжувањето на работите се прави значаен чекор кон решавање на еден од долгогодишните инфраструктурни предизвици и воспоставување клучна сообраќајна врска од интерес …
Continue Reading
Две обуки за инклузивен и училишен спорт се одржаа денеска во Кисела Вода
Денеска во Општина Кисела Вода се одржаа две значајни обуки насочени кон развој на инклузивниот и училишниот спорт на локално ниво. Првата обука, во рамки на проектот „Движење за сите: Како да создадеме инклузивна настава во училиштата“, беше наменета за наставниците по физичко образование од основните училишта. Наставниците преку соработката со Факултетот за физичко образование, спорт и здравје добија практични …
Continue Reading
26 декември: Ревија на филмови – „Утре наутро“, „Кодот на Преспа“ и „Бојата на мракот“
Во рамките на манифестацијата „Гевгелија град на културата 2025“, на 26 декември (петок), со почеток во 18:30 часот, во Народниот театар во Гевгелија, ќе се одржи специјална филмска ревија. Публиката ќе има можност да ги проследи три значајни македонски филмски дела- краток, документарен и игрален филм, кои ја прикажуваат разноликоста и современоста на македонската кинематографија. Во центарот на вниманието ќе …
Continue Reading