Во чест на патронот: Свечена академија на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија


62f0117d-fd2f-4ff8-aa6c-47b389ee242d.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По повод одбележувањето на Патрониот празник, СОУ „Јосифовски“- Гевгелија организираше свечена академија со богата културно-уметничка програма. Со музика, проезија и драмска уметност, на 16 април 2026 година, во Народниот театар- Гевгелија, се одбележа значењето на ликот и делото на патронот, при што учениците преку своите настапи ја пренесоа пораката за знаењето, традицијата и образовниот дух во Училиштето. На свечената академија присуствуваше и градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, како и наставници, родители, ученици и соработници.

Свечената академија со пригоден поздравен говор ја отвори директорот на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, Розета Картова, која во своето обраќање ги поздрави учениците, професорите и родителите, истакнувајќи ја нивната заедничка улога во градењето успешна и посветена училишна заедница. Притоа, го честиташе Патрониот празник и изрази благодарност до Општина Гевгелија и сите други соработници.


– Денес, сме собрани да го одбележиме Патрониот празник на нашето училиште- ден исполнет со чест, гордост и длабока почит. Денес го славиме името што го носиме- Јосиф Јосифовски, име што претставува симбол на борба, храброст, достоинство и љубов кон татковината. Овој ден не е само свеченост. Тој е потсетник на вредностите што треба да ги носиме во себе секој ден. Делото на Јосиф Јосифовски нè учи дека вистинската големина на човекот се мери преку неговата пожртвуваност, истрајност и вера во подобро утре. Нашето училиште не е само место каде што се стекнуваат оценки, туку простор каде што се градат карактери, се развиваат идеи и се создаваат соништа. Тука учиме не само факти, туку и вредности- како да бидеме одговорни, храбри и чесни луѓе. Нашето училиште денес не е само место на традиција, туку и современа институција што се развива со времето. Тоа е модерно училиште кое ги следи новите образовни тенденции, ја поттикнува креативноста и ги подготвува учениците за предизвиците на иднината- рече директорката Картова.

По што, сцената им припадна на младите таленти. Публиката имаше можност да ужива во изведбата на „Посета“ од Венко Андоновски, поставена од Драмската група „Дон Кихот“, во рецитали инспирирани од поезијата на Гане Тодоровски, Илија Карајанов, Коста Солев Рацин и Блаже Конески, како и интепретирање поема од Аполинер. Музичкиот дел ја збогати вечерта со изведби на познати хитови, на германски, англиски и македонски јазик.

Во подготовката на програмата учествуваа професорите: Бисерка Макревска, Александра Ќаева, Вања Манчева, Жаклина Атанасова, Даниела Џишева, Елена Шаренкова, Наташа Гребенакова, Ивана Кркотиќ, Илија Атанасов и Тони Аврамов.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK