Одрони, излевања и поплави на повеќе локации – во Кичево евакуирани 60 луѓе во спортска сала поради поплавени домови
Директорот на Центар за управување со кризи, Мухамед Али, заедно со дежурните екипи на бројот за итни повици 112 и Секторот за операции, континуирано ја следи состојбата по обилните врнежи од дожд. Од ЦУК апелираат граѓаните, доколку имаат потреба или забележат проблеми, истите да ги пријават на бројот 112. Според пријавите и интервенциите до 21:00 часот на 7 јануари 2026 …
Continue Reading
Поплавени улици во Битола, мобилизирани јавните претпријатија
По обилните врнежи од дожд што вечерва предизвикаа поплавување на улици низ Битола, екипи на ЈП „Нискоградба“ и други јавни претпријатија започнаа со интервенции за санирање на состојбата. Најкритична е состојбата кај стариот објект „Прогрес“, каде што се излеа каналот од реката Курделес. Поради тоа, сообраќајот е отежнат на улицата „Македонска фаланга“ (поранешна „Иво Лола Рибар“) на потегот кон Железничката …
Continue Reading
На Божиќ се роди Миха – првото бебе во 2026 година во Кочани
На Божиќ, 7 јануари, во раните утрински часови се роди Миха, првото новороденче во 2026 година во Кочани. Мајката Виолета од Оризари роди здраво машко дете, второ во семејството Димитровски од Оризари. Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов денеска го посети Гинеколошко-акушерското одделение во Општа болница – Кочани, каде што со д-р Илчо Атанасовски, којшто го изврши породувањето и со …
Continue Reading
Евакуација во Кичево и поплавени подруми во Охрид по обилните дождови
Во Кичево се евидентирани поплави на повеќе стамбени објекти на улицата „Прилепска“, поради што е започната евакуација на жители. На терен интервенираат екипи на Општина Кичево, Дирекцијата за заштита и спасување, Црвениот крст, ЈКП „Комуналец“ и други надлежни служби. Во Охрид, пак, пријавени се поплавени подруми, гаражи и дворови на повеќе локации. За состојбата се известени локалната самоуправа и Кризниот …
Continue Reading
(Фото) Бадниковата поворка во Битола го најави Христовото раѓање
Традиционално и годинава во Битола се одржа Бадниковата поворка. Младите бадникари со своите најблиски од плоштадот „Магнолија“, го исполниот соборниот храм „Св. Великомаченик Димитриј“, а од таму низ Широк сокак пеејќи ја песната „Вечниот бог“ до Офицерскиот дом каде се наоѓаше големата пештара, а беа пречекани и од градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој им го честиташе Бадник и Божиќните …
Continue Reading
(Фото) Со песна и насмевки коледарчињата од Кисела Вода во Бадниковата поворка
Со песна, радост и детска насмевка, коледарчињата од Кисела Вода денеска беа дел од Бадниковата поворка. Дарувани со подароци од градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска и со Божикни ѕвезди кои претходно ги изработуваа на креативните работилници, тие од Кисела Вода се упатија кон Музејот на Град Скопје, а потоа и кон Плоштад Македонија, пред големата пештера, каде …
Continue Reading
(Фото) Герасимовски: Бадник е ден кога ја негуваме традицијата и си подаваме рака едни на други
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, на традиционалната прослава пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ упати порака за заедништво, солидарност и хуманост по повод Бадник и Божик. „Во овие мигови да се потсетиме што си значиме и да си подадеме рака. Да помогнеме таму каде што е најпотребно. Верата и надежта да ни помогнат да се сплотиме и да станеме …
Continue Reading
(Фото) Ѓорѓиевски: Овој свет празник да ни донесе мир во душите и слога меѓу луѓето, заедно, со љубов и радост, да го дочекаме светлото Христово раѓање
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски присуствуваше на традиционалното одбележување на големиот празник Бадник во Соборниот храм, каде се делеа Бадниковите гранчиња, симбол на животот, мирот и новиот почеток. „Им честитам на овогодинешниот кум Зоран Контраденко и на здравичарот Јаков Дренковски, со искрени желби за многу здравје, среќа, благосостојба и радост во нивните домови. Нека овој свет празник нè обедини …
Continue Reading
(Фото) Голем број деца пеејќи ја божиќната песна „Вечниот Бог“ пристигнаа во општина Аеродром
Со неизмерна радост, утринава голем број дечиња од сите делови на Аеродром, пеејќи ја божиќната песна „Вечниот Бог“, пристигнаа во општина Аеродром и станаа првите гласници на Бадник, во пресрет на Христовото раѓање. „Тие, носејќи го бадниковиот пламен, ни ги исполнија душите со празнична топлина, љубов и надеж. Како дел од традиционалната манифестација „Бадниковите поворки“, со чисти гласови и искрени …
Continue Reading