Делови од Центар и Зелениково денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач од ф – 100 мм на ул. 5 бр. 47 во село Моране, во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од село Моране, општина Зелениково. Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека поради уличен дефект …
Continue Reading
Во Охрид најкритично во Далјан, се излеа и Кочанска река – извештај за состојбата по обилните дождови
Обилните врнежи на дожд предизвикаа зголемен водостој на реките и локални излевања во повеќе делови од државата, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), според состојбата до 18:00 часот. Во Штипско–Кочанскиот регион е регистрирано локално излевање на Кочанска река кај селото Горни Подлог, каде што интервенира КЈП „Водовод“ Кочани со механизација. Оризарска река има излевање кај селото Грдовци, а на …
Continue Reading
Евакуирани околу 110 лица по поплавите во Кичево, обезбедено привремено сместување и итна помош, отворена и сметка за донации
Поради обилните врнежи и зголемениот водостој на реките, во Кичево дојде до поплавување на населени места и земјоделски површини, при што беа погодени повеќе домаќинства. Од загрозените подрачја се евакуирани околу 110 лица, кои привремено се сместени во спортската сала во градот, каде што има обезбедено соодветно греење. Градоначалникот на Кичево, Александар Јовановски, информира дека во соработка со Црвениот крст …
Continue Reading
Утре без вода дел од корисниците во Центар
Утре без вода ќе останат дел од корисниците во Општина Центар, информира РЦУК – Скопје. „Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 09.01.2026 година ( петок ) поради уличен дефект на ул. Васил Ѓорѓов б.б – пред ОУ Киро Глигоров, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од …
Continue Reading
(Фото) До доцна во ноќта се санираа проблемите од обилните врнежи во Битола, екипите уште се на терен
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска одржа координативен состанок со директорите на јавните претпријатија кои синоќа работеа на решавање на проблемите предизвикани од обилните врнежи дожд. Дел од активностите продолжуваат и денеска. Како што беше информирано на состанокот според податоците од мерната станица на хидро-системот „Стрежево“, која се наоѓа на браната, во текот на изминатиот ден за само 12 часа …
Continue Reading
(Фото) ДЗС: 30 полски кревети за евакуираните лица во Кичевско, во Ресенско со пумпи се вадеше навлезената вода од подруми и куќи
Подрачно одделение на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Кичево, во овие два дена и сношти, учествуваше во теренските активности за заштита и помош на населението погодено од поплавите во „Прилепска населба“ во Кичево. Конкретно, беа обезбедени и транспортирани 30 полски кревети, а и соодветен број ќебиња од магацинот на ДЗС, што истовремено беа транспортирани со возила на ДЗС и …
Continue Reading
Нова состојба по обилните врнежи: Поплавени подруми и куќи во Охрид, Кичево, Битола, Тетово и Гостивар
Центарот за управување со кризи ја објави новата состојба до 13 часот по обилните врнежи од дожд во земјава. Во Охрид и околината, поради обилните врнежи од дожд, има поплавени подруми, дворови и неколку објекти во градот. Некои водотеци се излеани, а локалната самоуправа и кризниот штаб се на терен, додека екипите на ЈП „Водовод“, „Нискоградба“ и „Комуналец“ интервенираат и …
Continue Reading
Божиќен ручек по 20-ти пат за 500 деца во Прилеп
Општина Прилеп беше домаќин на традиционалниот Божиќен ручек, кој по 20-ти пат обедини 500 деца од повеќе градови низ Македонија: Прилеп, Битола, Охрид, Куманово, Тетово, Штип и Струмица. На првиот ден од Божиќ, во духот на сплотеноста, заедништвото и љубовта, заедно се славеше Христовото Рождество. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упатувајќи честитки по повод … The post Божиќен ручек …
Continue Reading
Излеани реки, поплавени подруми, гаражи и дворови во Охрид и Битола, во Кичево евакуирани околу 100 луѓе
Поради обилните врнежи од дожд, локалниот пат помеѓу селата Форино и Тумчевиште, Општина Гостивар, е тешко прооден. За состојбата се известени ЕЛС Гостивар и ПС Чегране, информираше Центарот за управување со кризи. Забележано е излевање на Лакавичка река во село Мало Турчане и на Сушечка река во село Горна Бањица, Општина Гостивар. За настаните се известени надлежните институции и службите …
Continue Reading