Герасимовски: Нов асфалт на Загребска во Мало Курило, крај на дупките, поголема безбедност за жителите
Општина Центар асфалтираше дел од улицата Загребска во Мало Курило, на површина од 930 квадратни метри. Со интервенцијата е решен долгогодишниот проблем со големите дупки и дотраениот коловоз, а значително се подобруваат безбедноста и условите за движење на возилата и пешаците, како и пристапноста за жителите од овој дел на општината. Асфалтираниот потег е долг 155 метри и широк 6 …
Continue Reading
ПОДЕКС–ПОВЕКС 2026: Роботи, критични минерали и одговорно рударство во фокусот на советувањето во Охрид
Индустријата, науката и институциите разговараа за рамнотежа меѓу развојот и заштитата на животната средина. Беше промовирано и првото издание на стручното списание за рударство „МИНЕРАЛ МК“. Роботско куче што самостојно патролира низ фабриката, собира податоци и проверува околу 400 позиции беше еден од најзабележаните моменти на XVII Стручно советување со меѓународно учество ПОДЕКС–ПОВЕКС 2026. Демонстрацијата ја покажа насоката во која …
Continue Reading
ДИК за изборите за градоначалник во Брвеница: Јахиј освои 4.442, а Радичевски 4.177 гласови
Кандидатот на Национална алијанса за интеграција Аркин Јахиј на вториот круг од изборите за градоначалник во Брвеница освоил 4.442 гласа, додека кандидатот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ Стојанчо Радичевски 4.177 гласови, објави Државната изборна комисија на прес-конференција. Ова се првичните неофицијални резултати добиени по електронски пат од сите 24 избирачки места во десетте населени места во општина Брвеница. Одѕивот на …
Continue Reading
Стојаноска: Вреди одигра улога на тројански коњ и ги раштрка гласовите во корист на ДУИ
Пратеничката и членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во гостување во централниот дневник на Сител телевизија, во живо од општина Брвеница, оцени дека коалицијата Вреди не успеала да се издвои од политиките на ДУИ, туку во вториот круг од локалните избори застанала зад кандидатот на НАИ. Стојаноска посочи дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ во првиот круг го …
Continue Reading
ДИК: Одѕивот на изборите за градоначалник во Брвеница до 18:30 часот е 52,90 отсто
Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека одѕивот на гласачите до 18:30 часот на изборите за градоначалник во Брвеница е 52,90 отсто односно дека гласаче 8.595 избирачи. – Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 8.595, или изразено во проценти 52,90 %. Во споредба со првиот круг излезноста е зголемена …
Continue Reading
Голем пожар во Кочани, изгореа автобуси, гаражи и канцеларии
Голем пожар избувна утрово на плац со гаражи и автобуси во Кочани, предизвикувајќи сериозна материјална штета. Густ црн чад се издигаше високо над градот и беше видлив и од околните населени места. Во гаснењето на пожарот биле ангажирани десетина противпожарни возила од територијалните противпожарни единици од Кочани и Виница, како и од Доброволното противпожарно друштво од Кочани. Во интервенцијата учествувале …
Continue Reading
Дождот ја зафати Македонија, најмногу наврна во Струмица
Најниска утринска температура од нула степени е измерена на Попова Шапка, додека најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Струмица, каде што се измерени 25 литри на метар квадратен, покажуваат податоците од метеоролошките станици. Температура од два степени е измерена во Маврови Анови, четири степени во Крушево и Лазарополе, а шест степени во Претор и Куманово. Во Прилеп се …
Continue Reading
Пијани деца во локал во Карпош, осум лица приведени, еден заврши на Токсикологија
Осум лица биле приведени во Полициската станица Карпош по контрола во угостителски објект во оваа скопска општина, каде што биле затекнати малолетници во видно алкохолизирана состојба. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, контролата била извршена вчера (1 ноември), по претходно добиени сознанија дека во објектот се точи алкохол на малолетни лица. При контролата, полициските службеници од СВР Скопје …
Continue Reading
Излезноста во Брвеница до 9 часот е 3,98 отсто: Гласале 646 граѓани
Излезноста во вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница до 9 часот изнесува 3,98 отсто. Правото на глас дотогаш го оствариле 646 граѓани, информираше портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК), Радица Тодоровска-Алексовска. Според податоците пристигнати во ДИК, излезноста е поголема за 1,52 процентни поени во споредба со првиот круг, одржан на 18 октомври. Тогаш до 9 часот …
Continue Reading