Џорџа Мелони во пародија на „Барби“

Премиерката на Италија, Џорџа Мелони и вицепремиерот Матео Салвини се во главни улоги во нова „дипфејк“ пародија на филмот „Барби“. Во кусото хит-видео што трае помалку од две минути, Мелони е „Барбиката“, а Салвини е Кен. Се појавуваат и други политички фигури од Апенинскиот Полуостров. Разговорот е преземен од филмот. Видеото е направено со помош на вештачка интелигенција и „дипфејк“ …

Continue Reading

Кејти Пери и Орландо Блум на Суд – наводно купиле вила од повозрасен човек кој „не бил при здрав разум“

Американската пејачка Кејти Пери и нејзиниот вереник, глумецот Орландо Блум, одат на судење со 83-годишен маж кој тврди дека на двојката ѝ го продал својот дом во Санта Барбара вреден 15 милиони долари додека тој „не бил при здрав разум и чиста свест“, пишува „Дејли мејл“. Имено, првичниот сопственик Карл Вескот смета дека договорот со Пери и Блум не бил …

Continue Reading

Напаѓачот на Меган Ди Сталион осуден на 10 години затвор

Канадскиот рапер Тори Лејнз, чие вистинско име е Дејстар Питерсон, вчера беше осуден на 10 години затвор, по повеќе од седум месеци од пресудата за пукање во колешката – музичка уметница Меган Ди Сталион. Судијата Дејвид Херифорд од Врховниот суд во Лос Анџелес му ја изрече казната на 30-годишниот рапер. Инаку, лани на 23 декември, поротата го прогласи Лејнз за …

Continue Reading

Дуа Липа обвинета за плагијаторство

Федералниот суд во њујоршката општина Менхетен одлучи дека британската поп-ѕвезда Дуа Липа ќе се соочи со тужба и обвинение дека нејзината песна „Levitating“ од 2021 година е „премногу (суштински) слична“ со диско-хит од 1979 година. Окружната судијка Кетрин Полк Фаила нагласи дека текстописците Л. Расел Браун и Сенди Линзер би можеле да се обидат да докажат оти „Levitating“ е во …

Continue Reading

Натали Портман се раздели со Бенжамин Милепид по 11 години брак

Натали Портман и нејзиниот сопруг Бенжамин Милепид се разделиле по 11 години брак, потврди неименуван извор за „Ју-ес викли“ (Us Weekly). „Откако се појавија вестите за неговото неверство, тие се обидуваа да работат на нивниот брак, но во мигов се на различни страни“, раскажува изворот. Инаку, двојката што го има синот Алеф (12) и ќерката Амалија (6) – ги разгореа …

Continue Reading

Џим Џармуш: Никогаш нема да гледам „Војна на ѕвездите“

Американскиот режисер Џим Џармуш вели дека е љубител на филмовите од серијалот „Гол пиштол“, дека е воодушевен од ликот „Џон Вик“, но никогаш нема да погледне ниту еден дел од серијалот „Војна на ѕвездите“, како што изјави за списанието „Биливер“ (The Вeliever). – Не сум ги гледал филмовите „Самрак“. И има одредени нешта што никогаш нема да ги гледам. Никогаш …

Continue Reading

Џуди Денч сѐ уште не сака в пензија

Познатата британска глумица Џуди Денч, позната меѓу другото и по нејзината улога како М, шефицата на „М16“ во серијалот филмови за Џејмс Бонд, не планира наскоро да се пензионира, вели таа за британските медиуми. – Мислам… Не можам веќе да гледам на филмскиот сет. Не можам ниту да читам. Но, некако се справувам со тоа. Тешко ми е ако имам …

Continue Reading

Глумецот Ангус Клауд почина на 25 години

Ангус Клауд, можеби најпознат по тинејџерската серија „Еуфорија“, почина на 25-годишна возраст. Глумецот кој го глумеше дилерот на дрога Феско „Фез“ О’Нил во ТВ-драмата, починал вчера во својата семејна куќа во Оукленд, Калифорнија, САД, потврди семејството. „Со најтешко срце мораме да се збогуваме со неверојатен човек денеска. Единствената утеха ни е што знаеме дека Ангус сега е повторно со својот …

Continue Reading

Мадона сподели изјава за закрепнување од здравствени проблеми: „Сфатив колку сум среќна што сум жива“

64-годишната пејачка, чија турнеја Celebration беше одложена поради сериозна бактериска инфекција, рече дека љубовта кон пријателите и семејството била „најдобар лек“. Мадона им се заблагодари на пријателите, врсниците и семејството за нивната поддршка еден месец откако беше хоспитализирана поради сериозна бактериска инфекција поради која ја одложи нејзината глобална турнеја Celebration. Во објава на Инстаграм, таа ја опиша нивната љубов како …

Continue Reading