Кејти Пери и Орландо Блум на Суд – наводно купиле вила од повозрасен човек кој „не бил при здрав разум“

katy , orlando
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американската пејачка Кејти Пери и нејзиниот вереник, глумецот Орландо Блум, одат на судење со 83-годишен маж кој тврди дека на двојката ѝ го продал својот дом во Санта Барбара вреден 15 милиони долари додека тој „не бил при здрав разум и чиста свест“, пишува „Дејли мејл“.







Имено, првичниот сопственик Карл Вескот смета дека договорот со Пери и Блум не бил фер. Тој тврди дека купопродажбата на куќата во Санта Барбара се случила набргу откако бил пуштен од болница, каде што неколку дена претходно имал шестчасовна операција на грбот. Вескот наводно земал и лекови против болки по операцијата и тврди дека не бил свесен што прави.

Овој 83-годишник боледува и од Хантингдонова болест, којашто освен што влијае на мускулите, води и до промени во неговата психичка состојба, па поради тоа е прогласен за ментално болен.

Вескот се вселил во куќата само два месеци пред продажбата, а наводно ја купил со цел „да живее таму до крајот на својот живот“. Сега тој бара договорот да биде поништен бидејќи „немал умствен капацитет да ја разбере природата и веројатните последици“ на продажбата. Тој истакнува дека никогаш не ги навел своите имоти и оти не разговарал со агент за недвижности за продавање на имотот со осум спални и 11 бањи.

Според странските медиуми, тој нема да присуствува на судењето затоа што болеста трајно го онеспособила и го врзала за кревет. Но, неговото семејството ја продолжува правната битка за контрола на имотот на својот татко вреден 15 милиони долари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK