Мал интерес за посетата на британскиот престолонаследник во Абердин, Шкотска
Британскиот принц Вилијам вчера го посети градот Абердин во Шкотска заради почнувањето проект за помош на бездомниците. Но, за разлика од другите вакви настани, овојпат впечатоците говорат дека немало речиси никаков интерес за оваа посета од член на британското кралско семејство. На видеото, Вилијам излегува од својот автомобил и тргнува кон местото на настанот, со поставена ограда по патеката, за …
Continue Reading
Јапонија, Германија и Франција испраќаат ровер до сателитот на Марс, Фобос
Меѓународен тим истражувачи предводени од Јапонија наскоро ќе испратат мал роботизиран ровер на Марсовиот природен сателит Фобос. Јапонија, Германија и Франција имаа потпишано договор за развој на роверот и истражување на Фобос. Роверот ќе биде лансиран како дел од јапонската мисија за истражување на месечините на Марс (ММX) и ќе работи на површината на Фобос со ниска гравитација. Роверот беше …
Continue Reading
Морските мозасауруси се стари 94 милиони години
Науката досега веруваше дека праисториските влекачи приспособени на живот во морето наречени мозасауруси живееле пред 82 и 66 милиони години, за време на последниот период од мезозојската ера. Но, новите сознанија говорат за фосили од мозасауруси коишто всушност се стари 94 милиони години. Истражувањето е спроведено од Бирото за управување со земјиштата и предводено од д-р Бери Олбрајт од Универзитетот …
Continue Reading
Во САД избрано „најгрдото“ куче за годинава
Во американската сојузна држава Калифорнија се одржа традиционалниот натпревар за најгрдо куче на светот. Ова натпреварување се одржува веќе 20 години, ја слави различноста меѓу кучињата и го поттикнува посвојувањето на оние коишто се запоставени поради нивниот изглед, поради што повеќето се во прифатилишта. Кај секое куче кое се натпреварува за титулата „најгрдо“ се истакнува она што го прави животинчето …
Continue Reading
Во Франција пронајдени 40 овци незаконски чувани во социјален стан
Во градот Ница на југот на Франција, откриени биле 40 овци во социјален стан којшто требало да биде празен. Животните биле обележани и сместени во стан од 50 квадратни метри обложен со слама. Полицијата пронашла и веќе заклана овца во станот. Во случајот, уапсени се двајца мажи кои носеле маици измачкани со крв, објави телевизијата „Франс 3“. Надлежните се сомневаат …
Continue Reading
„Ермитаж Амстердам“ од септември ќе се вика „Х’АРТ музеј“
Музејот „Ермитаж“ во Амстердам, Холандија, којшто ги прекина врските со „Ермитаж“ од Санкт Петербург во Русија, по почетокот на војната во Украина, официјално го смени името и најави партнерство со реномирани галерии од Лондон, Париз и Вашингтон. Имено, „Ермитаж Амстердам“ од септември ќе се вика „Х’АРТ музеј“. Музејот веќе има воспоставено партнерство со Британскиот музеј, Центарот Помпиду од Франција и …
Continue Reading
Очилата со ВИ набргу ќе им дадат „супермоќи“ на луѓето
Очилата опремени со вештачка интелигенција во блиска иднина ќе им дадат „супермоќи“ на луѓето, на пример – способност да знаат кога некој ги лаже или некого привлекуваат. Иако сѐ ова на мнозина им изгледа како научна фантастика, футуристот Девин Лидел е убеден дека технологијата сѐ побргу ќе напредува. Во изјава за „Дејли мејл“, Лидел вели дека компјутерските системи за вид …
Continue Reading
Најавено мерење на Амазон
Дали најдолгата река во светот е Нил во Африка, или Амазон во Јужна Америка? Ова е една од најголемите загатки на науката веќе со години, поради што нова експедиција во јужноамериканската џунгла сега има намера да го најде конечниот одговор на ова прашање. Имено, меѓународен тим истражувачи во април 2024 година, ќе го почнат мерењето со пловила што се движат …
Continue Reading
Виена повторно прогласена за најдобар град за живеење во светот
Виена повторно е прогласена за најдобар град за живеење во светот. Според годишното рангирање на „Економист Интелиџенс Јунит“ („Economist Intelligence Unit“), австриската престолнина по четврти пат во последните пет години е рангирана на првото место, објави австриската јавна радио и телевизија OРФ. На второто место е данската престолнина Копенхаген, потоа двата австралиски града – Мелбурн и Сиднеј и канадскиот Ванкувер. …
Continue Reading