Дебел мачор се обидел да побегне од центар за слабеење, па се заглавил

machor.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Мачор во Русија, тежок 17 килограми е спасен од подрум на болница. Поради прекумерната тежина, која му го загрозила здравјето, бил ставен на диета во центар за слабеење, поради што во еден момент се обидел да побегне, што не му успеало.



Мачорот иако не живеел во најдобри услови, не му недостигала храна, што го довело до дебелеење, што сериозно му го загрозило здравјето.

Бил сместен во центар за слабеење на миленичиња во градот Перм, каде што почнал строга диета и режим на вежбање. Сепак, по само една недела пристигна необичната вест –  се обидел да побегне од објектот, но се заглавил во држач за чевли!

Специјалистот за рехабилитација, Екатерина Бедакова, рече дека овој обид за бегство е знак дека мачката се враќа во форма.

„Денес направи хаос, но тоа покажува дека станува се поактивен. Беше несреќен кога го најдовме, но се смири по порција храна“, напиша таа на „Телеграм“.

Експертите се оптимисти и очекуваат дека посебниот режим на исхрана и вежбање ќе му помогнат да изгуби помеѓу 70 и 150 грама неделно. Целта е до крајот на годината да се постигне поздрава тежина од 4,5 килограми.

Експертите велат дека помеѓу четири и 4,5 килограми е добра „идеална тежина на мачката“ воопшто – иако тоа зависи од расата. Дебелината кај мачките може да го зголеми ризикот од дијабетес и други здравствени состојби.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK