Димитриевски со ЗНАМ вечерва на голем собир на плоштадот во Куманово
Кандидатот за градоначалник на Куманово и лидер на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, носителката на советничката листа Ивана Ѓорѓиевска, неколку други кандидати за советници и пратеникот од ЗНАМ Даниел Стојчевски, синоќа одржаа собир со граѓани во населбата Вера Которка. На настанот отворено разговараа за приоритетните проекти во населбата, но и генерално во општината, кои треба да придонесат …
Continue Reading
Шукова од Аеродром им го вети на скопјани она што премиерот Мицкоски го најави минатата недела: бесплатни филтри на оџаците се добра и сериозна мерка
Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денес, од Аеродром, на скопјани им вети бесплатни филтри за оџаците на домаќинствата што не се греат на градското парно. Рече дека тоа е добра и сериозна мерка, за која, пак, минатата недела зборуваше и премиерот Христијан Мицкоски. Тој најави дека сака со бесплатни филтри за оџаците на домаќинствата да ги …
Continue Reading
Отворена бесплатната телефонска линија за пријавување повреда на избирачкото право
Од денес, среда 1 октомври, во канцеларијата на Народниот правобранител почна да функционира бесплатна телефонска линија 0800 54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на нивните права, како за време на одржување на кампањата, така и на деновите на одржување на првиот и вториот круг од Локалните избори 2025 (19 октомври и 2 ноември 2025 година). …
Continue Reading
„Две задкулисни коалиции, Левица со ДУИ за Струга и Тетово и СДС со Јакимовски за маркици и тендери во Карпош“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„На овие избори се разоткрија вистинските лица на политичката сцена. На едно место се собраа и се обединија структури за најголемите криминални интереси и политички профити, се здружија само поради една цел, да ги заштитат личните бизниси“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Првата коалиција на терен е Левица и ДУИ кои се претставуваа како антагонисти за сега во Струга и Тетово да …
Continue Reading
„Ајфонот е на братучед ми“ – Дудуш вели дека се сликал со телефонот за да го промовира бројот 17 за изборите
Градоначалникот на Шуто Оризари и кандидат за нов мандат, Курто Дудуш, објави дека фотографијата со „ајфон 17 про макс“ имала за цел да го промовира бројот 17 со кој ќе настапи со „Унија на Ромите“ на локалните избори. За скапиот телефон, кој чини над 1.000 евра, Дудуш вели дека не е негов, туку на неговиот братучед, Алмир Дудуш – познат …
Continue Reading
Филипче: СДСМ отсекогаш била повеќе од партија, била движење за слобода
Вечерва СДСМ и коалицијата по слоганот „Се бориме за нашиот дом“, ја претставуваат програмата од Пробиштип од каде лидерот на СДСМ Венко Филипче порача дека не смее да се доволи Македонија да стане приватна сопственост. „Од овде, од Пробиштип, испраќаме јасна порака – да го одбраниме нашиот заеднички дом. Да ја одбраниме Македонија како дом за сите, не како приватна …
Continue Reading
Лабудовиќ: Центар ќе го вратиме во рацете на граѓаните, време е за нова енергија и вистински промени
Кандидатот за градоначалник на Центар од редовите на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, заедно со министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, остварија средба со граѓаните на Центар, на која во фокус беа проблемите кои ја засегаат општината – урбанистичкиот хаос, загадувањето, недостигот на паркинг и потребата од повеќе зелени површини и подобра инфраструктура. „Центар не смее да остане …
Continue Reading
Сајкоски: Време е Струга да добие надеж за подобра иднина
На денешниот митинг во Струга генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски истакна дека со преземањето на одговорноста да ја води Владата, ВМРО-ДПМНЕ покажа како за кратко време, односно за година и половина може да се направат многу проекти кои го подобруваат животот на граѓаните. Сајкоски порача дека од новите советници на Општина Струга, како и од стружани кои се директните …
Continue Reading
Мицкоски: СДС и ДУИ бараат спас во корумпираното судство, тоа им е последно танго за избегнување одговорност
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Струга, посочи дека една од картите на кои игра опозицијата, СДС и ДУИ е барањето на спас во корумпираното судство и обвинителство. Според Мицкоски многу е јасно зошто се кријат за правосудниот систем. „Тоа им е последното танго за спас на нивните кариери и шанса да одбегнат одговорност. Oд месечината се …
Continue Reading