Мицкоски до ДУИ: Јас не сум албанофоб, туку криминалофоб кој ги презира криминалците кои во политиката влегоа голтари, а излегоа милионери

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Неготино во рамките на изборната кампања за локалните избори со слоган „Вистински избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, порача дека поддршката на овие избори и единствената алтернатива се ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која значи одење напред и градење на иднината, а другите се СДС и ДУИ, потпомогнати од Левица.   …

Continue Reading

Филипче: Сe бориме за држава што не е ничија приватна сопственост

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на граѓанската трибина во Кичево посочи дека СДСМ е продолжение на идеалите врз кои е изградена современата македонска држава. „СДСМ е продолжение на најсветлата традиција на Македонија борбата за слобода, рамноправност и достоинство. Нашите корени се во АСНОМ, во генерациите што ја поставија темелната вредност, државата да биде дом за сите,“ истакна …

Continue Reading

Мицкоски до Филипче: Изборите ќе завршат и вашите лакеи ќе бидат сменети, ќе дојдат вистински судии и обвинители и ќе одговарате

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Демир Капија кој е во рамки на кампањата за локалните избори која се води под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ се осврна на постапките на претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче. „Mорам да прокоментирам една изјава на претседателот на СДСМ. Тој кажа дека немам право да …

Continue Reading

Сабри Азири: Бујар Османи поминал повеќе од 10 години на власт, но ниту еден ден за Чаир

Сабри Азири, портпарол на изборниот штаб на кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од коалицијата „Влен“, Изет Меџити, на прес-конференција зборуваше за политичката кариера на Бујар Османи и отсуството на резултати за граѓаните на Чаир. Според Азири, Бујар Османи поминал 3.672 дена на високи државни функции, и тоа како министер за здравство (27 јули 2008 – 28 јули 2011) → …

Continue Reading

Меџити најави нов модерен булевар во Чаир

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, денеска го претстави еден од приоритетните проекти од неговата програма – трансформација на улицата „Мид’хат Фрашери“ (поранешна „Македонско-Косовска Бригада“) во модерен булевар. Според најавата, проектот ќе започне во првата година од мандатот и предвидува изградба на булевар со должина од 1.850 метри и профил од 25 метри, во соработка …

Continue Reading

Максим Димитриевски: Во новиот мандат, фокусот го ставаме на развојот на домашното стопанство

Кандидатот за градоначалник на Куманово и лидер на движењето ЗНАМ – за наша Македонија Максим Димитриески денеска беше во посета на неколку бизнис субјекти во Куманово што се во сопственост на домашни инвеститори. Како што самиот кажа, разговарале пред се за реалните проблеми во стопанствотото и какви се можностите за негов понатамошен развој. „Наша главна цел во рамките на третиот …

Continue Reading

Префрлањето на одговорноста за судството е неприфатливо, рече Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвини дека и по повеќе од една година и пол на власт, ВМРО-ДПМНЕ не спровела ниту една од реформите предвидени во Реформската агенда со Европската унија. „Годинава требаше да се донесат 12 закони. Не е донесен ниту еден,“ рече Филипче, додавајќи дека целта на владејачката партија не е реформа, туку контрола врз судствот. Според него, …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Да се осуди говорот на омраза врз Луна Стефаноска

Членката на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, денеска на прес-конференција изјави дека партијата најостро го осудува говорот на омраза насочен кон нивната кандидатка за советничка во Советот на Град Скопје, Луна Стефаноска. „Најостро го осудуваме срамниот, омаловажувачки, говор полн со мизогинија и омраза кој последните денови се шири на социјалните мрежи, насочен кон нашата членка и кандидатка за советничка во …

Continue Reading

Милошоски: Венко предлага ,,црвени линии“ за заштита од францускиот предлог, кој пред една година го прогласи за победа

Венко предлага ,,црвени линии“ за заштита од францускиот предлог, кој пред една година го прогласи за победа, изјави Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. „Денес темата на оваа прес-конференција е ставот на Венко Филипче, претседателот на СДСМ за францускиот предлог и за резолуцијата која што тој ја нуди, со наводно патриотски црвени линии. Првата констатација е дека Венко Филипче …

Continue Reading