МВР: Во целост ја гарантираме безбедноста на граѓаните во насока на спроведување на фер и демократски „Локални избори 2025“
Министерството за внатрешни работи во пресрет на „Локални избори 2025“ континуирано презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. „Согласно направените проценки и воспоставените планови на денот на изборите полициските службеници ќе бидат присутни во близина на локациите на избирачките места, како и на клучните сообраќајни точки, со цел зголемена …
Continue Reading
Филипче: Прочитан е Мицкоски, обидот за партизација на судството нема да помине
„На Мицкоски му одговара партизирано судство преку кое ќе може да влијае на одлуките, и тоа не е ништо ново, граѓаните веќе го виделе тоа, а некои и го почувствувале на своја кожа“, истакна претседателот на СДСМ Венко Филипче на граѓанскиот собир „Се бориме за нашиот дом“ во Чучер Сандево. Филипче нагласи дека Мицкоски очигледно нема волја за реформа на …
Continue Reading
Шукова: Време е за резултати, уреден Бутел, нови паркови, подобар превоз и вода за сите
Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, вчера одржа митинг во Бутел, каде пред жителите порача дека Скопје мора да се гради со дела, а не со празни зборови. „Вечерва не сум тука само како кандидатка за градоначалничка на Скопје. Тука сум, пред сè, како човек што верува во овој град и во луѓето што го прават …
Continue Reading
Филипче: Граѓаните се жртви на неспособноста на Мицкоски, народот брои денови до плата
„Граѓаните пред 4 години поверуваа во лажниот маркетинг за подобар живот. Очекуваа подобар живот, а добија влада што живее во луксуз и во лажен маркетинг, далеку од народот. “, рече вечерва од Чучер Сандево претседателот на СДСМ Венко Филипче. Тој на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ рече дека наместо граѓаните да имаат повисоки плати и повеќе удобности тие …
Continue Reading
Меџити: Чаир не е средство за враќање на власт на оние кои денес тагуваат во опозиција и мислат дека преку победа ќе се вратат во владата
Кандидатот на коалицијата ВЛЕН за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, вечерва на централниот митинг во Чаир им се заблагодари на сите активисти и граѓани за нивната постојана поддршка за време на целата изборна кампања. „Вечерва не сум тука ниту да зборувам за нашите проекти во Чаир, затоа што, каде и да се движите низ Чаир, зборува нашата работа, зборуваат …
Continue Reading
Марковски: Можеме да ставиме крај на хаосот, партизацијата, безредието и апатијата во Скопје
„Диши, диши – јавно здравје во хаотичен град“ беше последното предавање во рамки на кампањата за овие локални избори на Горан Марковски, независен кандидат за градоначалник на Скопје, поддржан од граѓанската платформа „Независни заедно“. На овој час се дискутираше за аерозагадувањето како еден од најгорливите проблеми во Скопје. Ирина Ангеловска, специјалист пулмолог, се осврна на причините за аерозагадувањето и последиците …
Continue Reading
(Видео) Филипче: Изберете луѓе со интегритет, не послушници на Мицкоски
„На овие избори изберете пред сè луѓе кои сакате да ве претставуваат. Изберете ги оние кои се докажани, чесни, кои ќе го исполнат ветеното и кои ќе ви служат пред сè вам, граѓаните,“ порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од трибината во Бутел. Тој истакна дека најголемата сила на СДСМ на овие избори се луѓето што ги предлага, кандидати и …
Continue Reading
Доста е со кружење и нервози, време е за ред и за слободни тротоари, Аеродром ќе биде најповрзаната општина, најави Ѓорѓиевски
На денешниот народен митинг во Аеродром во рамки на изборната кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“ се обрати и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски претставувајќи ги проектите од програмата кои ќе се реализираат во општина Аеродром. Ѓорѓиевски истакна дека, во соработка со градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески …
Continue Reading
Митески: Лисиче ќе добие топлификација, ветување што станува реалност
Дејан Митески, кандидат за градоначалник за општина „Аеродром“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, се обрати и посочи дека Аеродром ќе продолжи да се развива, и да се реализираат важни проекти, безбедни училишта и градинки, паркови полни со зеленило, спортски сали, културни …
Continue Reading