Гаши со европратениците: Локалните избори ќе ја потврдат демократската зрелост на земјата
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, се сретна со делегација на пратеници кои во име на Европскиот парламент ќе ги набљудуваат локалните избори. Членовите на Делегацијата доаѓаат од четири политички партии застапени во Европскиот парламент и тоа: Марта Темидо од Групата на социјалисти и демократи, Португалија; Карло Реслер од Европските народни партии, Хрватска, воедно и ко-претседавач на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ …
Continue Reading
Мециновиќ: Oчекуваме влез во втор круг за Град Скопје
Kандидатот за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ од Левица, на последната прес – конференција од првиот круг за локалните избори вели дека очекува влез во вториот круг. „Очекуваме дека има реални шанси да влеземе во вториот круг и да се натпреваруваме за престолнината за град Скопје. А јас повторно ќе нагласам дека мојата мотивација за влез во оваа трка …
Continue Reading
Лабудовиќ: Центарци знаат што сакаат, време е за промени
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, на последниот ден од кампањата им се обрати на своите сограѓани, упатувајќи повик за излезност и избор на промени во недела. „Ви се обраќам со срце исполнето со благодарност, одговорност и верба дека Центар може повторно да блесне,“ истакна Лабудовиќ. „Ова не е само повик за избори – ова е повик за …
Continue Reading
Меџити: Чаир почна нова ера на развој
Денес, на последниот ден од кампањата за локалните избори на 19 октомври, кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, пред граѓаните презентираше целосен преглед на својата програмска понуда. Меџити ги претстави стратешките проекти за трансформација на Чаир во, како што кажа, модерна и развиена општина, со акцент на урбаната инфраструктура, квалитетното образование, заштитата на животната средина, …
Continue Reading
Османи: Историски избори се пред нас, 19-ти октомври е референдум за иднината на Чаир
Овие избори се историски во Чаир, ова е референдум за иднината на Чаир, но и референдум за достоинството на граѓаните, истакна кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, на денешната прес-конференција, последната пред завршувањето на кампањата. Тој порача дека изборите во недела на 19-ти октомври се историски момент за општината и за достоинството на граѓаните. „На овие избори има …
Continue Reading
Ивановска: Време е да објавиме „војна на корупцијата“ во општина Центар
Независните кандидати за градоначалници на Град Скопје и Општина Центар, Горан Марковски и Билјана Ивановска ги повикаа граѓаните да излезат на Локалните избори во недела и да гласаат за стручност, професионалност, визија и антикорупција. – Со гласот за 128 за градоначалник на Скопје, гласаме за стручност и деполитизација на градската администрација. Скопје заслужува да добие стручен и независен градоначалник кој …
Continue Reading
Се гледаме во вториот круг, рече Шукова и повика недела да биде празник на демократијата и на слободата на одлучување
Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, ја заокружи кампањата за првиот изборен круг со повик до граѓаните да гласаат со срце и разум за единствената конкретна програма. Им се обрати и на противкандидатите и ги повика да придонесат недела да биде празник на демократијата. „Само со гласање може да ги промените работите во Скопје и да го …
Continue Reading
Секој изгубен ден во политички препукувања е изгубена можност за Скопје, в недела масовно да излеземе, повика Ѓорѓиевски
На последниот ден од изборната кампања за првиот круг на локалните избори, кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО – ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, накусо ги повтори сите ветувања што ги даде изминативе дваесет дена. Рече дека денес нема да држи политички говори туку ќе се заблагодари на скопјани за досегашната соработка. „Ви благодарам за секоја подадена рака, за секој совет, …
Continue Reading
Карајанова Димитрушева: Град Скопје мора да биде гарант дека лицата со попреченост нема да бидат оставени сами пред бирократијата
Носителката на листата за советници во Град Скопје од Коалицијата за зелена иднина, Ана Карајанова Димитрушева, најавува конкретни мерки за пристапни здравствени услуги и системска поддршка за лица со хронични состојби во главниот град. „Како личност која долго се бори со хронична болест, знам дека вистинската грижа значи достапни услуги, предвидливи процедури и пристап до помош кога е потребна. Ќе …
Continue Reading