(Видео) Тошковски: На терен се над 90 отсто од силите со кои располага МВР
Денеска е ден на демократијата, денеска македонските граѓани ќе можат да си го остварат своето право на глас во рамки на едни фер и демократски избори да си ги изберат своите градоначалници и советнички листи, кажа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој извести дека само во едно место, село во општина Прилеп, гласањето започнало подоцна. Министерот очекува мирна, демократска …
Continue Reading
ДИК: Навреме отворени сите избирачки места, гласањето се одвива без проблем
Државната изборна комисија извести дека денес навремено се отворени сите избирачки места и процесот на гласање се спроведува без проблем. На Локалните избори 2025 во Северна Македонија право на глас имаат 1.832.415 граѓани. Се гласа за вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати. Гласањето на локалните избори започна во …
Continue Reading
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1,83 милиони граѓани
Во 7 часот денеска започна гласањето на осмите Локални избори од осамостојувањето на државата. На Локалните избори 2025 во Северна Македонија право на глас имаат 1.832.415 граѓани. Меѓу вкупниот број државјани со право на глас се и 112 илјади запишани во посебниот Избирачки список со лица во странство, како и 2.162 лица во затвор односно притвор и 450 гласачи од …
Continue Reading
Починато лице на списокот за гласање, ДИК отфрли седум и прифати три приговори за лично избирачко правo
Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница отфрли седум приговори поднесени од граѓани за лично избирачко правo, а прифати три. Отфрлени како неосновани беа приговорите на Радица Радеска од Битола, Зилќафете Мемеди од Желино, Иџел Камбери од Желино, Гордана Радеска од Битола, Јетон Далипи од Струга, Весна Трајкова од Кичево и Оливер Трајановски од Куманово. Прифатени, пак, беа приговорите на …
Continue Reading
ДИК: Вкупно 8.848 болни или немоќни лица денес можат да го остварат своето право на глас
Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во притвор и лицата кои се пријавиле за гласање а се сместени во установите за вонсемејна грижа, соопшти Државната изборна комисија. Вкупно 8.848 болни или немоќни лица, како што велат од ДИК, можат да го остварат своето право на глас на …
Continue Reading
Куманово со најмногу гласачи 94.041, Лозово со најмалку 1.905
Право на глас на осмите Локални избори 2025 в недела имаат 1.832.415 гласачи, од кои 1.717.803 во земјата и 112 илјади запишани во посебниот избирачки список со лица во странство, 2.162 затвореници или во притвор и 450 гласачи во старските домови. Гласање во дијаспората нема, но доколку лицата кои се на привремена работа или живеат во странство допатуваат во земјата …
Continue Reading
Денес гласаат 2.162 затворениците, болните и изнемоштени и лицата во старските домови
Почнува гласањето за Локалните избори 2025. Денеска, на ден пред одредениот датум за изборите гласаат 2.162 затворениците, лицата во домашен притвор, 8851 болни и немоќни лица и 442 лица во старските домови. Во казнено – поправните домови, според Избирачкиот список, треба да гласаат 2162 затвореници. Најмногу глсачи има во КПД Идризово 938, во затворот во Шуто Оризари 391, во штипскиот …
Continue Reading
Од ноќеска на полноќ заклучно со 19:00 часот на 19 октомври е изборен молк
Од ноќеска на полноќ заклучно со 19:00 часот на 19 октомври е изборен молк. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги соопшти дека за време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануваат сите облици на изборно медиумско претставување, на учесниците во изборната кампања. Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета емитувањето какви било …
Continue Reading
Зајкова: Имаме искуство што гарантира успех – во недела да го заокружиме бројот 1 и да ставиме крај на поделбите
Со пораки за обединување на центарот и успех на претстојните локални избори во недела, финишираше завршниот митинг на коалицијата „Искуство за успех“. Пред полната сала за последен пат пред почетокот на изборниот молк се обратија лидерите на партиите кои ја сочинуваат коалицијата, ЛДП, ГРОМ, Интегра и ПЦЕР со поздравни говори, во кои го повикаа своето членство на мобилизација и ги …
Continue Reading