Герасимовски го оствари своето право на глас и повика на мирни и фер избори
-
Bisera
-
October 19, 2025
-
Вести, Избори, Македонија, Опозиција, Општини, Политика, Скопје
-
opserver, opserver.mk, опсервер, опсервер.мк
-
0 Comments
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар и актуелен градоначалник, Горан Герасимовски, денеска заедно со сопругата Елена го остварија нивното право на глас во Дебар Маало. Герасимовски истакнува дека овој ден е важен, затоа што со секој глас се гради демократијата и иднината на Општина Центар. „Заедно со сопругата Елена го остваривме нашето право на глас во Дебар Маало. Овој ден …
Continue Reading
На новинарка сакале да и го земат телефонот, интервенирала и полицијата
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) апелира до Државната изборна комисија (ДИК), општинските изборни комисии, и Министерството за внатрешни работи да продолжат да обезбедуваат непречен пристап и услови за работа за новинарите и медиумските работници на сите избирачки места. Професионалното, навремено и точно информирање на јавноста за текот на изборниот процес е од суштинско значење за довербата во изборите, велат …
Continue Reading
Прекршочни постапки за ТВ 21-М и ТВ Шутел поради прекршување на изборниот молк
Врз основа на извештаи од извршен мониторинг над изборното медиумско претставување, Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за поведување прекршочни постапки на денешната 14 седница одлучи да поведе прекршочни постапки против ТВ Компани 21-М и ТВ Шутел поради прекршување на изборниот молк во првиот круг од Локалните избори 2025. „Спротивно на Изборниот законик, ТВ Компани 21-М на …
Continue Reading
(Видео) Уапсени две лица од Крушево за поткуп при избори и гласање
Две лица се уапсени, а пет се повикани на разговор во полиција во врска со кривично дело поткуп при избори и гласање, соопшти МВР. Во 09:00 часот на улица „Дабничка“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп, во врска со кривично дело „поткуп при избори и гласање“, ги лишија од слобода Б.Х.(72) и Д.С.(36), двајцата од Крушево. Во врска со …
Continue Reading
До 13 часот гласале 20,12 отсто од избирачите
До 13 часот од добиени информации од 3.207 избирачки места од 1. 666. 298 запишани гласачи, гласале 335.244 или 20,12 отсто од избирачите, соопшти Државната изборна комисија. Најголема излезеност има во Богданци, Вевчани, Градско, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Кратово, Крива Паланка, Лозово, Новаци, Ранковци и Чашка. Најмала излезеност досега има во Босилово, Врапчиште, Гази Баба, Гостивар, Дебар, Желино, Јегуновце, Маврово …
Continue Reading
Погрешно испечатени ливчиња во Ново Село и наводи за поткуп во Велес, Прилеп, Крива Паланка и Свети Николе
Денешното гласање до сега поминува мирно без поголеми нарушувања на изборниот процес, соопшти Јавното обвинителство. „Од почетокот на гласањето утрово, до јавните обвинителства и на посебната електронска адреса email protected не се пријавени инциденти или неправилности на гласачките места кои би имале елементи на кривично дело“, се наведува во соопштението. Јавен обвинител од ОЈО Струмица денеска усно е известен за погрешно …
Continue Reading
(Видео) До 11 часот и 15 минути гласале 9,38 проценти од гласачите
До ДИК, до 11 часот и 15 минути не се пристигнати информации за евентуални проблеми со кои би се соочувале избирачките одбори на терен или некои поголеми непријатности, известија од Државната изборна комисија. До 11 часот и 15 минути пристигнати се податоци за одѕивот на граѓаните на Локалните избори од 3139 избирачки места, од вкупно запишани 1 645 583 гласачи, …
Continue Reading
Регистрирани се 20 пријави за нарушување на изборниот молк
За време на предизборниот молк, во текот на 18.10.2025 до 07:00 часот на 19.10.2025, односно до отворање на избирачките места, регистрирани се 20 пријави за нарушување на изборниот молк од кои шест на подрачје на СВР Скопје, четири на подрачје на СВР Куманово, потоа СВР Велес – три, по два настани на подрачје на СВР Охрид, СВР Штип и СВР …
Continue Reading
(Видео) ДИК: На две избирачки места гласањето се одвива без користиње на уредот за биометриска идентификација
Во Куманово едно избирачко место, број 1133, каде се запишани 12 гласачи, поради објективни околности, односно немање струја во тоа избирачко место, се гласа без уредот за биометриска идентификација, известија од ДИК. „Согласно Изборниот законик, ДИК донесе одлука гласањето на ова избирачко место да продолжи непречено без користиње на уредот за биометриска идентификација. Не сакавме да се губи времето, затоа …
Continue Reading