Жена со мерцедес усмрти 60-годишен пешак во Скопје
60-годишен пешак загина откако беше прегазен од автомобил мерцедес управуван од 40-годишна жена од Скопје. Несреќата се случила на улицата 100 вечерта на 3 јануари, а смртта на пешакот била констатирана на самото место од лекар од Итната медицинска помош. Жената веднаш била лишена од слобода од страна на полициски службеници од СВР Скопје. Полицијата го извршила увидот, а се …
Continue Reading
При ископ на земја најден арсенал од муниција
Поголема количина боева муниција, рачни гранати и мини биле најдени во Гостиварско. Случајот во СВР Тетово е пријавен вчера, 3.01.2026 во 18:25 часот. -Во близина на патот на делницата помеѓу селата Митрови Крсти и Симница, Гостиварско, при извршување работни активности – ископ со работна машина багер, вработени во фирмата кој вршела ископ, пронашле две пластични буриња кои биле полни со …
Continue Reading
Жена го претепала сопругот во Демир Капија
Полициски службеници од ОВР – Неготино лишија од слобода 36-годишна жена од Демир Капија, вчера попладне во 17 часот, постапувајќи по претходна пријава дека во домот, физички го нападнала нејзиниот 58-годишен сопруг, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. – За настанот е известен јавен обвинител, таа е спроведена во здравствена установа и по документирање на настанот, ќе …
Continue Reading
Кумановец возел со 2,29 промили алкохол во крвта
Триесет и девегодишен возач од кумановското село Орашац ноќеска е приведен откако при сообраќајна контрола утврдено е дека возел со 2,29 промили алкохол во крвта. Покрај него,откриени се уште четворица возачи од Куманово, Демир Хисар и Кочани кои возеле под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“.
Continue Reading
Пукале со пиштоли од колона автомобили на свадба
Двајца мажи од село Лажани, општина Долнени, се приведени поради пукање со огнено оружје во колона возила за семејна веселба. Инцидентот се случил на 2 јануари околу 9:30 часот, кога полицајци од Полициското одделение Ропотово ги запреле М.С. (36) и С.Б. (29), кои возеле „фиат хрома“ со прилепски регистарски ознаки и „мерцедес“ со германски ознаки. Од возилата, според полицијата, биле …
Continue Reading
Работник тешко повреден во фабрика во Кавадарци
Жител на кавадаречкото село Марена се здобил со тешка телесна повреда во фабрика во Кавадарци. Како што информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес, вчера во 11 часот во ОВР – Кавадарци било пријавено дека во кавадаречката Општа болница со тешка телесна повреда бил донесен З.А., на возраст од 59 години. – Според пријавеното, тој се здобил со …
Continue Reading
Тешките мозочни повреди не дозволиле оперативен зафат врз двегодишното дете, информира Министерството за здравство
Двегодишното дете првично било примено на Ургентниот центар, по што, поради сериозноста на состојбата, било згрижено на Клиниката за неврохирургија, на одделот за интензивна нега, информира Министерството за здравство. Како што се наведува во соопштението, детето било интубирано, поставено на механичка вентилација, со ординирана антибиотска и антиедематозна терапија и под 24-часовен мониторинг. Поради интензитетот на деструкцијата на мозочното ткиво, хируршко …
Continue Reading
Војник повреден за време на работни задачи во „Идризово“
На 1 јануари 2026 година во 16:49 часот, во СВР Скопје од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреда е донесен Б.С. (44) од село Шемшево, тетовско. Според пријавеното, Б.С., кој е вработен во армијата, се здобил со повредата додека извршувал работни задачи во казнено-поправната установа Затвор Идризово.
Continue Reading
Насилство пред полноќ на новогодишната ноќ: скопјанец ја нападнал сопругата
На 1 јануари 2026 година во 17:40 часот, во Полициската станица Чаир, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со Ѓ.С. (32) од овој град. Како што информираат од полицијата, постапката била преземена по претходна пријава дека на 31 декември 2025 година, околу 23:00 часот, во семејниот дом физички ја нападнал својата 29-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот, …
Continue Reading