Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

Кривична за жена од Тетово, го нападнала партнерот, велат од МВР

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против Е.Р.(36) од овој град поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 12.03.2026, при расправија во патничко возило, пријавената физички го нападнала нејзиниот невенчан сопруг, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.

Continue Reading

Претрес во Дебар, пронајдена дрога, уапсен маж

Вчера во 15:30 часот во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода 34-годишниот Б.К. од Дебар. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

11 лица се уапсени во Скопје, Тетово, Кичево и Струга: кај нив била пронајдена дрога

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишија од слобода 11 лица кај кои била пронајдена дрога. На 17.06.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Г.А.(30), В.С.(26) и Љ.С.(25), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и ризли. На …

Continue Reading
Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

Тепачка во Кавадарци: четворица приведени

Вчера во периодот од 17:25 до 17:40 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги привеле И.С.(32), С.С.(31), 30-годишната С.С. и 30-годишната С.С., сите од Кавадарци, затоа што на улицата „Браќа Џунови“ во Кавадарци го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Continue Reading

Не застанал на знак за запирање, па удрил со „мерцедесот“ во дрво: полицијата пронајде 12 мигранти, возачот избегал

Вчера околу 19:47 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот од Градско кон Скопје се движи патничко возило „мерцедес“ кое било со регистарски таблички од друго возило. Возилото не застанало на знак за запирање и на клучка Миладиновци се вратило назад и продолжило по земјен пат во с.Блаце, општина Петровец, каде што удрило во дрво, по што возачот …

Continue Reading

Се судрија две товарни возила на скопската обиколница: тешко повреден еден од возачите

Вчера во 05:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница на Град Скопје „Мајка Тереза“, кај клучка Радишани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С.(36) од село Петровец, скопско и товарно возило „даф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Ј.(46) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил …

Continue Reading

Изгоре куќа во Бутел: нема повредени лица

Рано утрово, во 04:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Бутел настанал пожар во куќа сопственост на В.А., кој во моментот бил во Италија. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Бил извршен увид.

Continue Reading
Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

Тешко повредена жена од Радовиш: изгубила контрола врз електричниот тротинет и паднала

На 17.06.2026 во 11:10 часот во ОВР Радовиш е пријавено дека на улицата „Ленинова“ во Радовиш, 55-годишната С.М. од Радовиш, управувајќи електричен тротинет, изгубила контрола и паднала на коловозот. Притоа, таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Радовиш.

Continue Reading

25-годишна девојка од Тетовско со четирицикл излета од локален пат: повредени и двете нејзини сопатнички

Вчера во 13:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на локален пат село Вејце-село Селце, тетовско, четирицикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од 25-годишната Е.Т. од село Селце, излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.Т., додека со телесни повреди нејзините сопатнички Е.Б.(18) и В.Т.(20), двете од село Селце, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен …

Continue Reading