Загина вработен во ЕВН додека извршувал работни задачи во кривопаланечко


lenta-policiska.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 13:00 часот, од Јавната здравствена установа Крива Паланка во полиција било пријавено дека на место викано „Пољана“ во село Огут, кривопаланечко, има починато лице.


Според информациите на МВР, по преземени мерки било констатирано дека се работи за С.Ј.(52) од Крива Паланка, вработен во ЕВН, кој починал додека извршувал работни задачи.

Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Крива Паланка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK