Жена тешко повредена откако паднала во автобус во Скопје


jsp-avtobus.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Педесет и двегодишна скопјанка се здобила со тешки телесни повреди откако паднала во автобус додека се превезувала низ Скопје.


Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот бил пријавен на 26 јуни околу 16 часот. Несреќата се случила на булеварот „Партизански одреди“, пред крстосницата со улицата „Ангел Динев“.

Повредената, С.З. (52) од Скопје, по падот во автобусот била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

За случајот бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје, а се утврдуваат сите околности под кои дошло до несреќата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK