Тешко повреден мотоциклист по судир со возило во Скопско

Вчера околу 15:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Јурумлери, скопско, на крстосница од регионален пат Скопје-Велес и општински пат с.Јурумлери-с.Долно Лисиче се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И.(44) од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од М.П.(33)од с.Идризово, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил …

Continue Reading

17-годишнo девојче нападнато од нејзин соученик во Карпош: подолг период психички ја малтретирал

Синоќа во 19:15 часот во СВР Скопје, О.С.(45) од Скопје пријавил дека околу 14:30 часот во средно училиште на подрачјето на Карпош, неговата 17-годишна ќерка била физички нападната од нејзин соученик. Тој според пријавеното подолг период психички ја малтретирал. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Татко се обидел да ја спаси малолетната ќерка која ја држеле за врат: бил нападнат со кундак од пиштол

Утрово во 01:45 часот во СВР Скопје, Н.Ш.(41) од с.Кондово, скопско, пријавил дека на 18.05.2026 околу 21:30 часот пред неговиот дом Б.И.(18) физички го нападнал, го удрил со кундак од пиштол и му нанел повреда. Според пријавеното, претходно во текот на денот неговата малолетна ќерка имала расправија со друга малолетничка. Откако забележал дека во наведеното време Б.И. со уште едно …

Continue Reading

Косовски државјанин „летал“ со 203 километри на час кај Смоквица

Полицијата уапси косовски државјанин кој возел со 203 километри на час на место каде дозволената брзина е 120 километри на час. Според информациите на МВР, вчера вечер, на автопат А1 кај клучка Смоквица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода косовскиот државјанин Б.Т.(30). „При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Б.Т. управувал патничко …

Continue Reading

Уапсен дилер од гостиварско за издржување 18-месечна затворска казна: спроведен е во затвор

Вчера во 21:10 часот во село Неготино, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате, го привеле 52-годишниот В.А. од село Неготино. Тој бил баран со наредба од Основен суд Гостивар за издржување на затворска казна во траење од една година и шест месеци за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет …

Continue Reading

Скопјанец пријавил дека малолетници му ја ограбиле и ја уценувале ќерката во Чаир

Четириесетгодишен скопјанец вчера во полиција пријавил дека неговата 16-годишна ќерка била ограбена и уценувана од група малолетници на подрачјето на општина Чаир. Според пријавеното, настанот се случил на 7 мај околу 08:00 часот наутро. Неколку малолетници со закана со остар предмет пресретнале 16-годишна тинејџерка и ѝ одзеле пари. Освен грабежот, ја уценувале и дека ќе мора повторно да им даде …

Continue Reading

Сообраќајка во Охрид: Млад возач со 1,61 промил алкохол во крвта излетал од пат

Дваесет и двегодишен охриѓанец е тешко повреден откако рано утринава со своето возило излетал од коловозот во Охрид, управувајќи под дејство на алкохол. Како што информираат од Секторот за внатрешни работи Охрид, несреќата била пријавена утринава (18.05.2026 година) во 05:25 часот. Настанот се случил на улицата „7 Ноември“ кога патничко возило марка „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.Р. …

Continue Reading

Тепачка во трговски центар во Аеродром: 16-годишник со тврд предмет нападнал негов врсник

Шеснаесетгодишно момче нападнало врсник со тврд предмет во трговски центар во Аеродром. Според информациите на МВР, вчера 36-годишната М.Б. од Скопје пријавила дека претходниот ден околу 22:30 часот пред продажно место во трговски центар на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, нејзиниот 16-годишен син бил физички нападнат од друг 16-годишен малолетник, кој употребил тврд предмет, а потоа го нападнал и …

Continue Reading

Четири случаи на семејно насилство за едно деноноќие, тепани се и деца

Министерството за внатрешни работи информираше дека во изминатото деноноќие биле евидентирани четири случаи на семејно насилство, а две лица биле лишени од слобода по пријави за физички напади и закани. Во првиот случај, утрово во 04:00 часот во СВР Скопје, 29-годишна жена пријавила дека на 13 мај, во семејниот дом на подрачјето на Центар, била физички нападната од нејзиниот вонбрачен …

Continue Reading