Битолчанец се сомничи за напад врз неговата 79-годишна баба, со тешки повреди пренесена во болница
Полицијата вчера го приведе Т.Р. (28) од Битола, во казино лоцирано на улицата „Партизанска“, поради сомнение дека физички ја нападнал својата 79-годишна баба во семејниот дом. Според информациите од полицијата, при нападот на жената ѝ биле нанесени тешки телесни повреди. Таа со возило на Итната медицинска помош била пренесена во Клиничката болница во Битола, каде што ѝ била укажана лекарска …
Continue Reading
Скопјанец со автомобилот удрил во млад човек пред локал, приведен е во Карпош
На 17 јануари 2026 година, околу 14:40 часот, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Н.С. на подрачјето на општина Карпош, поради насилен инцидент што се случил ден претходно. Според пријавата, на 16 јануари, пред угостителски објект, осомничениот со своето возило прво го оштетил автомобилот на 23-годишниот Г.Ѓ. од Скопје, а потоа со истото возило го удрил и него. По …
Continue Reading
Пожар во свињарска фарма во Градско, угинаа животни, неколку лица побарале лекарска помош
Вчера во СВР Велес бил пријавен пожар што избувнал во свињарска фарма на фирма во селото Долно Чичево, општина Градско. Во пожарот угинале шест свињи, а причинета е и значителна материјална штета. Како што информира полицијата, поради вдишување чад, едно лице било пренесено во Општата болница во Велес, додека четири други лица побарале лекарска помош во болницата во Неготино, а …
Continue Reading
Двајца кичевци во притвор поради обид за убиство – нападнале сограѓанин со нож кај „Сеферов бунар“
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Д. (37) и А.А. (46), двајцата од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „обид за убиство“. Како што соопшти СВР Охрид, двајцата се спроведени во Казнено-поправната установа „Затвор-Битола“ откако судија на претходна постапка им одредил мерка притвор во траење од 30 дена. Настанот се случил на 4 јануари 2026 година, околу …
Continue Reading
Тројца возачи фатени пијани зад воланот во Охрид и Струга, еден имал забрана за управување возило
Тројца возачи од Охрид, Струга и Дебрца се приведени во изминатите два дена поради безобѕирно управување моторни возила под дејство на алкохол, информира Министерството за внатрешни работи. На 18 јануари, во 03:55 часот на булеварот „Железничка“ во Охрид, полицијата го привела 33-годишниот Ј.С. од селото Лескоец, кој со своето возило „Ауди“ со охридски регистарски таблички изгубил контрола и предизвикал сообраќајна …
Continue Reading
Поради СМС порака за лажна пратка од „Пошта“, гостиварец останал без 89.106 денари
Во полициската станица во Гостивар е пријавен случај на интернет измама, при што 34-годишен жител на овој град останал без над 89 илјади денари. Како што информира полицијата, на 16 јануари С.А. (34) пријавил дека добил СМС порака со известување и линк за наводна достава на пакет од „Пошта на Северна Македонија“. Откако влегол на лажна веб-страница и ги внел …
Continue Reading
Скопјанец ги нападнал сопругата и ќерката, друг на жената и’ ги скршил телефонот и автомобилот – пријавени случаи на семејно насилство
Во СВР Скопје се пријавени два одделни случаи на семејно насилство, по кои полицијата презема мерки за нивно целосно расчистување. Првиот случај е пријавен од 29-годишна жена од скопско, која навела дека на 10 јануари 2026 година, во семејниот дом на подрачјето на општина Петровец, била физички нападната од нејзиниот сопруг К.Ј. (33). Според пријавата, тој употребил тврд предмет и …
Continue Reading
Возило „киа“ удрило во пешак во Скопје, жената со тешки повреди
Вчера во утринските часови на улицата Војвода Васил Чакаларов во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која пешак се здоби со тешки повреди. Патничко возило „Киа“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 52-годишниот Д.П. од Скопје, удрило во 48-годишната Р.Д., исто така од Скопје. Од силината на ударот, жената се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Комплекс …
Continue Reading
Обвинение за помагачите во бегството на 18-годишникот што со автомобил усмрти жена на Народен фронт
Обвинителството поднесе обвинение против маж и жена кои како соизвршители се товарат за помагање, во случајот со 18-годишникот од Скопје кој смртно прегази 79-годишна жена на улицата на „Народен фронт“, па побегна од државата. „Обвинетите, на 9 јануари, заедно со умисла му помогнале да побегне на лице осомничено за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и …
Continue Reading