Почина 28-годишен маж од Дебарско: се повредил при сеча на дрва


depositphotos_200312584_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 14:20 часот во ОВР Дебар е пријавено дека во атарот на дебарското село Горно Мелничани, М.Л.(28) од с.Седларево, се здобил со повреди при сеча на дрва.


Тој со возило на Итната медицинска помош бил пренесен до болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, но на пат кон болницата им подлегнал на повредите, а смрт без траги на насилство констатирал доктор од болницата.

На местото на несреќниот случај, увид извршил јавен обвинител, државен трудов инспектор и полициски екипи. По наредба на јавен обвинител, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK