Кривична против директор на ЈЗУ Здравен дом во Свети Николе за злоупотреба на службена положба

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против 63-годишниот С.Б. од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во текот на 2025 година, во својство на директор на ЈЗУ Здравен дом „Примариус д-р Ѓорѓи Гаврилски“ во Свети Николе, не постапил согласно одредбите од Закон за користење и …

Continue Reading
Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

Уапсен велешанец: запалил сува трева и отпаден шут, пожарот се проширил на ридот во близина

Вчера во 13:10 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода 59-годишниот Т.Т. од Велес затоа што во дворот запалил сува трева и отпаден шут, при што настанал пожар кој се проширил на ридот во близина и зафатил сува трева. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Велес. Известен бил јавен обвинител, …

Continue Reading

Се запали автобус на ЈСП во Центар

Вчера попладне, околу 17:05 часот, во полицијата било пријавено дека избувнал пожар во автобус на ЈСП додека стоел на автобуска постојка на подрачјето на општина Центар. Огнот зафатил дел од задниот простор на возилото, но за среќа, нема повредени лица. Сите патници навреме и безбедно го напуштиле автобусот. Пожарот бил брзо изгаснат од страна на возачот и брзата интервенција на …

Continue Reading

Напад врз малолетници во Горно Лисиче – со остар предмет му била одземена чанта на тинејџер

Сноќа, околу 22:20 часот, 49-годишниот Д.Б. од Скопје пријавил во СВР Скопје инцидент во населбата Горно Лисиче, во кој бил нападнат неговиот малолетен син. Според пријавата, малолетникот и неколку негови другари биле нападнати од група врсници. Притоа, еден од напаѓачите, кој им бил познат на децата, искористил остар предмет и од синот на пријавителот одзел чанта со паричник, мобилен телефон …

Continue Reading
Приведен крадец во Кичево, вршел тешки кражби во станови и куќи

Полицијата приведе повеќе возачи: 17-годишник без дозвола удрил во дете, други возеле под забрана и под дејство на алкохол

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, пет лица управувале возило без положен возачки испит и тоа: Б.Р.(55) од с.Сарај, скопско, М.С.(29) од с.Петровец, скопско, И.М.(51) од с.Ранковце, Е.Е.(19) од с. Десово, прилепско и 17-годишник …

Continue Reading

Насилство во семејниот дом во Гостиварско – сопруг истурил врело кафе врз својата сопруга

Семејна расправија во гостиварско село завршила со физички повреди и полициска интервенција, откако 52-годишен маж истурил врело кафе врз својата сопруга. Инцидентот се случил синоќа околу 23:30 часот, во нивниот семеен дом. Според пријавата што 40-годишната жена ја поднела во полиција, по кратка вербална расправија, нејзиниот сопруг Б.К. (52) ја нападнал така што ja истурил врелата течност врз неа, предизвикувајќи …

Continue Reading

31-годишен скопјанец е пронајден починат во водите на Охридското езеро

Вчера во 22:00 часот, по преземени мерки од полициски службеници од езерската полиција и од СВР Охрид, во близина на авто камп, на околу 50 метри од копно во водите на Охридското езеро, пронајден е починат 31-годишниот Б.С. од Скопје. Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итната медицинска помош, препознавање извршил член на неговото семејство а по насоки …

Continue Reading

(Фото) Претрес во скопско, пронајдени дрога, оружје и муниција: двајца уапсени

Ноќеска во 00:20 часот во село Брњарци, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода 34-годишниот Д.Ц. од село Брњарци, скопско. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Скопје, биле пронајдени и одземени марихуана, семки од растението канабис и дигитална вага со остатоци од марихуана. Вчера вечер во 23:45 …

Continue Reading

Во Арачиново уапсен 44-годишен маж баран со централна потерница, во бегство од 2024 година

Денеска, од страна на Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек за потрага, во содејство со Интервентната полиција, околу 05:30 часот, во село Арачиново, лишен од слобода е 44-годишниот С.И. од Скопје. С.И. се барал по централна потерница поради сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 став 3 од …

Continue Reading