Кривична против 27-годишник од Неготинско: пронашол дебитна платежна картичка и извршил три трансакции

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против 27-годишниот А.Т. од неготинско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски системи”. На 07.09.2026, пријавениот пронашол дебитна платежна картичка од банка, по што без дозвола и согласност на сопственикот ја употребил и извршил три успешни трансакции, при што се стекнал со противправна имотна корист од 3.645 …

Continue Reading

Малолетник истепан во двор од основно училиште во Ѓорче Петров: се здобил со тешки повреди

Вчера околу 21:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходна расправија, малолетник бил физички нападнат од неколку други малолетници, од кои едниот го познавал, при што се здобил со тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Пронашол паричник и ја употребил платежната картичка четири пати: кривична против маж од Кавадарци

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против 70-годишниот Р.Н. од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски системи”. Пријавениот претходно пронашол туѓ паричник и на 05.08.2026, без дозвола и согласност на сопственикот ја употребил платежната картичка и извршил наплата во четири наврати, при што се стекнал со противправна имотна корист од 3.729 …

Continue Reading

Кривична против маж од Кратово: со остар предмет тешко повредил полицаец

ОВР Кратово поднесе кривична пријава против 40-годишниот П.Ј. од Кратово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 11.09.2026, пријавениот упатувал закани на полициски службеници и вработени во Центарот за социјални работи додека извршувале службени дејствија, по што со остар предмет му нанел тешки телесни …

Continue Reading

Двајца скопјани се степале додека траел ракометен натпревар: полицијата ги приведе

Вчера во 20:30 часот во спортска сала на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа М.К.(24) и И.С.(30), двајцата од Скопје, затоа што сториле прекршок од Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари, односно физички се пресметувале додека траел ракометен натпревар. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Охрид – Св.Наум

Вчера во 11:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека на регионалниот пат Охрид – Св.Наум, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 87-годишниот Д.Ј. од Скопје и мотоцикл „бмв“ со струшки регистарски ознаки, управуван од 29-годишниот Х.П. од село Мислешево, струшко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во …

Continue Reading

Прегазена жена од Струга: со тешки повреди пренесена во болница

Вчера околу 11:20 часот во ОВР Струга е пријавено дека на улицата „Димитар Влахов“ во Струга, товарно возило „фиат добло“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 30-годишниот А.С. од Струга, удрило во 76-годишната В.П. од Струга. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.П., констатирани во Медицински центар Струга. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Струга.

Continue Reading

35-годишник од Студеничани почина во Клинички по струен удар

Вчера околу 11:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во село Студеничани, скопско, во двор од куќа, сопственост на 56-годишниот А.С., дошол 35-годишниот Х.Б. од село Студеничани и ја земал вап-машината за да го измие возилото, при што паднал, најверојатно од струен удар. Со возило на Итна медицинска помош, Х.Б. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде починал. …

Continue Reading

Претрес во Прилеп, пронајдена марихуана, уапсен 19-годишник

Вчера во 15:05 часот полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода 19-годишниот Ф.И. од Прилеп. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Прилеп, била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading