Полицијата приведе повеќе возачи: 17-годишник без дозвола удрил во дете, други возеле под забрана и под дејство на алкохол


Приведен крадец во Кичево, вршел тешки кражби во станови и куќи
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.


Од нив, пет лица управувале возило без положен возачки испит и тоа: Б.Р.(55) од с.Сарај, скопско, М.С.(29) од с.Петровец, скопско, И.М.(51) од с.Ранковце, Е.Е.(19) од с. Десово, прилепско и 17-годишник од с.Бузалково, велешко, кој со мотоциклот кој го управувал удрил во тригодишно дете.

Две лица управувале возило со активна забрана за управување на Б категорија и тоа: Д.Б.(37) од Куманово и Б.С.(54) од Богданци, кој покрај забраната, го управувал возилото и под дејство на алкохол. Од слобода бил лишен и Ј.А. (56) од с.Дулица, општина Македонска Каменица, бидејќи возел под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK