Семејно насилство во Крива Паланка
Вчера во 21:01 часот во ОВР Крива Паланка, 32-годишна жена од Крива Паланка пријави дека околу 20:55 часот во семејната куќа, нејзиниот свекор го нападнал нејзиниот малолетен син. Додека, пак во 21:20 часот свекорот пријавил дека бил физички нападнат од неговиот 38-годишен син. Се преземаат мерки за целосно документирање на случајот.
Continue Reading
Прегазена скопјанка: со тешки повреди пренесена во болница
Вчера во 11:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Мито Хаџивасилев Јасмин“ во Скопје, патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 41-годишниот Ж.Д. од Скопје, удрило во 49-годишната Е.Д. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.Д., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на …
Continue Reading
Се обидел да проголта две пакувања со бела материја кога видел полицајци: уапсен охриѓанец
Вчера во 14:15 часот на улица „Мислешески пат“ во Струга, во координирана акција на полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид и ОВР Струга од слобода е лишен 44-годишниот Д.Н. од Охрид. Тој, откако ги забележал полициските службеници во такси возило со кое се превезувал се обидел да проголта, а потоа и да уништи две пакувања со бела прашкаста …
Continue Reading
Загина охриѓанец: изгубил контрола врз мопедот и паднал на коловозот
Вчера околу 11:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „15 Корпус“ во Охрид, 67-годишниот И.Б. од Охрид, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Од здобиените повреди, И.Б. починал на местото на несреќата, а лекар од Итната медицинска помош констатирала смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за …
Continue Reading
Запалиле поголема количина кабли и предизвикале пожар на депонија кај Буково: тројца уапсени
Вчера во 19.30 часот на депонијата кај Буково, полициски службеници од СВР Охрид од слобода ги лишија 27-годишниот Ф.А. од Кавадарци, 31-годишниот Е.И. од Штип и 38-годишниот Е.Н. од Струга, постапувајќи по претходна пријава дека на депонијата запалиле поголема количина кабли. Во близина на депонијата, полициските службеници забележале и товарно моторно возило „ивеко“ со струшки регистарски ознаки натоварено со кабли …
Continue Reading
Криумчарел обувки, текстил, лекови, козметика: полицијата го запрела, тој побегнал
Вчера околу 19:50 часот, од страна на полициски службеници од ПС за ГП и ГН Белановце при РЦГР Север од слобода е лишен С.С. (36) од с. Гошинце, поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“ по чл. 278 од КЗ. Имено, во реонот на с. Липково од страна на полициски службеници бил даден знак за запирање на товарно возило …
Continue Reading
Расчистени две кражби во Тетово, лишени од слобода две лица
Вчера во 12:00 и во 14.50 часот во село Порој, тетовско и во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода С.К.(27) од с.Порој и А.Ц.(19) од Тетово поради постоење основи на сомневање за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. С.К. се сомничи дека ноќта на 15/16.09.2026 со употреба на сила влегол во …
Continue Reading
Во Гостивар уапсен 42-годишен маж: избегал од затворот „Идризово“
Денеска во Гостивар, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Одделение за потраги, Отсек за потрага по цел, во содејство со полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гостивар, го лишиле од слобода 42-годишниот Е.А. од Гостивар, кој бил во бегство од Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“. Е.А. бил осуден на казна затвор во траење од 12 години и …
Continue Reading
(Видео) 38-годишна скопјанка фрлаше отпад во реката Лепенец, СВР Скопје ја откри и ја санкционираше
Денеска во 11:45 часот, во Полициската станица од општа надлежност Карпош е повикана 38-годишната М.И.Б. од Скопје, во врска со претходно објавени видеоснимки на социјалните мрежи на кои се гледа како непознато женско лице со патничко моторно возило „порше“, на улица „Скупи“, кај мостот на реката Лепенец, фрла отпадоци во реката. По преземените мерки и активности, утврден е идентитетот на …
Continue Reading