Изгубил контрола врз тротинетот и паднал: тешко повреден скопјанец
Вчера околу 20.10 часот во СВР Скопје e пријавено дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, Б.Ј.(38) од Скопје, управувајќи електричен тротинет, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Ј., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Continue Reading
Тешко повреден маж по судир меѓу возило и мопед
Вчера околу 13 часот во СВР Скопје e пријавено дека на крстосницата од ул.„5“ со сервисна улица во с.Визбегово, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Е.(45) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од М.С.(42) од с.Батинци, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.С., констатирани …
Continue Reading
Свекрвата ја претепала снаата во Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево до Основното јавно обвинителство Делчево поднесе кривична пријава против В.Х.(49) од општина Македонска Каменица. Таа се сомничи за сторено кривично дело ,,загрозување на сигурноста“ по член 144 став 3 во врска со став 1 и член 45 од Кривичниот законик. Имено на 24.04.2025 во семејниот дом В.Х. физички ја нападнала нејзината 29 – годишна …
Continue Reading
Превртен автомобил во сообраќајна несреќа во Аеродром
Автомобил се преврте утрово по сообраќајна несреќа помеѓу две возила на крстосницата помеѓу булеварите „Видое Смилевски Бато“ и „Србија“ во Аеродром. Засега нема информации за повредени лица. Несреќа на истата крстосница имаше и пред две недели, пришто повредено беше едно лице.
Continue Reading
Приведен тетовец: возел 111 км на час на место каде е дозволено 50 км на час
Вчера во 16.10 часот на регионалниот пат Тетово-село Јажинце полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода 49-годишниот Н.Л. од Тетово, затоа што управувал патничко моторно возило „хонда“, со тетовски регистерски таблици, со брзина од 111 км на час на место каде максимална дозволена брзина е 50 км на час. Н.Л. е задржан …
Continue Reading
Бегалец баран со меѓународна потерница приведен на ГП „Блато”
На граничниот премин „Блато” на македонско – албанската граница кај Дебар, приведен е албански државјанин баран со потерница од Интерпол Италија. -Синоќа, во 22.05 часот на Граничен премин „Блато”, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Џ.С.(29) од Република Албанија. При гранична проверка е констатирано дека се бара од Интерпол Италија, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот …
Continue Reading
Ќерка ја тепала мајката во семејниот дом во населба Илинден
Вчера во 16.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје ја привеле А.Р.(43) од село во општина Илинден затоа што во семејниот дом агресивно се однесувала и физички ја нападнала својата мајка. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Continue Reading
Ја тепал сопругата со која се разведувал
Вчера во 22.20 часот, полициски службеници од полициската станица Виница го лишиле од слобода Г.Ј.(40) од Виничко, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 32-годишна сопруга со која е во бракоразводна парница. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Continue Reading
70-годишен маж тешко повреден откако управувајќи велосипед го удрил автомобил
Вчера во 12.31 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ во Скопје, патничко возило пежо со црногорски национални ознаки, управувано од Р.Р.(49) од с.Кучевиште, Скопско, удрил во велосипед, управуван од Љ.Г.(70) од Скопје. Во несреќата, велосипедистот Љ.Г. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Известен е јавен обвинител, по …
Continue Reading