Свекрвата ја претепала снаата во Делчево


policija-zena-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево до Основното јавно обвинителство Делчево поднесе кривична пријава против В.Х.(49) од општина Македонска Каменица.


Таа се сомничи за сторено кривично дело ,,загрозување на сигурноста“ по член 144 став 3 во врска со став 1 и член 45 од Кривичниот законик.

Имено на 24.04.2025 во семејниот дом В.Х. физички ја нападнала нејзината 29 – годишна снаа за син, по што е лишена од полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK