Приведен 60-годишник оти предизвикал пожар на сува трева и стрниште во струшкото село Враништа
Струшката полиција вчераутро го уапси 60-годишниот Љ.М. од селото Враништа под сомнение дека во средата, оваа недела, предизвикал пожар на сува трева и стрниште на отворен простор во атарот на селото Враништа. Пожарот го изгасила Територијалната противпожарна единица од Струга и во него нема повредени. По целосно документирање на настанот, против Љ.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Continue Reading
Ја натепал сопругата па ги нападнал и полицајците откога пријавила, приведен 44-годишен стружанец
Ноќеска, неколку часа по полноќ полицијата го привела 44-годишниот Б.Д. во струшко село по претходна пријава дека заедно со уште еден член на семејството, физички ја нападнале неговата сопруга. Од МВР известија дека Б.Д. се однесувал агресивно и кон полициските службеници кои преземале службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Continue Reading
Уапсен 43-годишен охриѓанец, кај „Петља“ полицијата го фатила со марихуана во автомобилот
На магистралниот пат Охрид- Кичево, кај месноста „Петља“, вчера попладне полицијата го уапси 43- годишниот Г.Н.(43) од Охрид. При преглед во неговиот автомобил „ауди“ со охридски регистарски ознаки, пронајдена и одземена е марихуана. По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Continue Reading
Ископувале песок од река во село Доброшинци без документација: полицијата го расчистува случајот
Вчера, постапувајќи по претходна пријава дека во река во село Доброшинци, струмичко, се врши ископ на песок, по овластување на јавен обвинител, полициски службеници од СВР Струмица излегоа на местото и затекнаа товарно возило и работна машина – копач на правно лице-сепарација од село Сачево, струмичко, со двајца вработени кои вршат ископ. Известен е Државен инспектор за животна средина, а …
Continue Reading
На скопскиот аеродром уапсен маж: пронајдени седум парчиња муниција при проверка на неговиот рачен багаж
Вчера околу 15:00 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, на излез од државата, полициски службеници го приведоа 46-годишниот А.Џ. од село Вртекица, скопско. При проверка на неговиот рачен багаж биле пронајдени седум парчиња муниција калибар 9мм. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Continue Reading
Тепачка во казино во Аеродром: уапсен 30-годишен скопјанец
Ноќеска, во 03:20 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа 30-годишниот Д.Т. од Скопје, по претходна пријава дека во казино го нарушил јавниот ред и мир со физичка пресметка со 28-годишниот С.С. од Скопје, а исто така и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на …
Continue Reading
Тешко повреден штипјанец: управувајќи мопед изгубил контрола и паднал
Вчера околу 14:30 часот во СВР Штип е пријавено дека на крстосницата од улицата „Сремски Фронт“ со улицата „Борис Крајгер“ во Штип, 59-годишниот Н.С. од Штип, управувајќи мопед со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиника болница Штип. Извршен е увид од увидна кипа на СВР Штип.
Continue Reading
Пронајден и уапсен бегалец од затворот „Идризово“
Денеска во 09:15 часот, полициски службеници од Сектор за меѓународна полициска соработка, Отсек за потрага по цел, во Дебар го лишиле од слобода лицето А.М. 33-годишник од Дебар, кое било во бегство од Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“. Лицето е осудено на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик на Република …
Continue Reading
Малолетник истепан од соученик во основно училиште во Чаир
Вчера во 16:00 часот во СВР Скопје, 50-годишната Н.Е. од Скопје пријави дека околу 11:40 часот во основно училиште на подрачјето на Чаир, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од негов соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading