Судир меѓу „голф“ и мопед: малолетник со тешки повреди пренесен во градската болница
Вчера во 13.55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од улицата „Натанаил Кучевишки“ и улицата „Хо Ши Мин“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 24-годишниот Н.Д. од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се …
Continue Reading
Уапсен кумановец затекнат при обид да изврши кражба: подоцна во неговиот дом била пронајдена дрога
На четврти мај, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 40-годишниот Д.С. од Куманово. Тој бил затекнат во сепарација во село Шупли Камен, кумановско, при обид да одземе предмети. На 05.05.2025, со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени прашкаста материја и шприц исполнет со жолта материја. Тој бил задржан во полициска станица …
Continue Reading
Кај Бит Пазар починало машко лице: телото е дадено на обдукција
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Крсте Мисирков“ на подрачјето на Бит Пазар во Скопје починало едно машко лице, кое немало лични документи за идентификација. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Continue Reading
10-годишно девојче со тешки повреди донесено во болница во Прилеп: со возило ја прегазил нејзиниот 7-годишен брат
Вчера во 18.55 часот во Полициската станица Прилеп, од Општа болница „Борка Талески“ Прилеп било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена 10-годишна малолетничка од село Алданци, крушевско. Според пријавеното, во дворот од семејната куќа, нејзиниот седумгодишен брат случајно го стартувал возилото „форд галакси“, со клучот кој бил на бравата, и ја прегазил на ногата. Известен е …
Continue Reading
Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово: незаконски вработил вкупно 127 лица
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената должност и овластување“ по член 353 став 4, во врска со член 45 од Кривичниот законик. Пријавениот – како директор на Јавната здравствена установа „Здравствен дом“ Куманово, во периодот од 2020 до 2024 година склучувал незаконски договори на дело …
Continue Reading
Уапсен маж од Дебарско, возел со 2,41 промили алкохол во крвта
Вчера во 17.35 часот на улица „Елена Ѓика“ во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар го лишиле од слобода 51-годишниот С.М. од дебарското село Могорче. При сообраќајна контрола полициските службеници сопреле патнички автомобил „форд“ со дебарски регистарски ознаким кое го управувал и од преземени мерки и извршено алкотестирање било констатирано дека возилото го управува со 2,41 промили алкохол во крвта. …
Continue Reading
Уапсен државјанин на Грција, во неговото возило се пронајдени цигари и тутун без документација
Денеска во 00.10 часот на паркинг во меѓупросторот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишиле од слобода Н.М.(55) од Република Грција. Тој бил затекнат како во патничко возило „ауди а6“ со германски национални ознаки става поголема количина цигари. При контрола на возилото било констатирано дека регистарските таблички биле одјавени и припаѓале на друго возило, додека во возилото биле пронајдени …
Continue Reading
Уапсени тројца студенти од Турција во Скопје, нападнале и ограбиле таксист
Полицијата уапси тројца студенти од Турција за физички напад врз таксист. Според информациите на МВР, вчера полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода О.А.Б.(19), К.И.(19) и Е.Х.Б. (20), тројцата од Република Турција- студенти со регулиран привремен престој во земјава, поради сторено кривично дело „разбојништво“. На 3 мај во 23.40 часот во СВР Скопје И.Р.К.(54) од Скопје пријави дека …
Continue Reading
Претседателот на ФК „Слога“ нападнал фудбалер на ФК „Карбинци“
Инцидент се случил вчера на градскиот стадион во Виница. Според информациите на МВР, М.Д.(35) од с.Стар Караорман, штипско, фудбалер на ФК „Карбинци“, пријавил во полиција дека околу 15 часот во службени простории на ФК „Слога“ од Виница, на Градскиот стадион во Виница, пред започнување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК „Слога“ Виница и ФК „Карбинци“, бил физички нападнат од …
Continue Reading