Уапсен 17-годишник во Куманово: украл мотоцикл „јамаха“
Денеска во 01.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 17-годишник од село Блаце, скопско, затоа што пред угостителски објект во Куманово одзел мотоцикл „јамаха“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Г.Д.(52) од Куманово. Мотоциклот бил пронајден и вратен на сопственикот, а малолетникот бил приведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна …
Continue Reading
Сообраќајна несреќа во Прилеп, тешко повреден 16-годишник
Вчера во 15.37 часот во Полициската станица Прилеп е пријавено дека на крстосницата од улицата „Јане Сандански“ со улицата „Стеван Димоски“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „хамачи“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Прилеп и патничко возило „шкода октавија“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 34-годишната С.М. од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди …
Continue Reading
Расчистени девет тешки кражби во Битола, тројца уапсени
Денеска во 01.40 часот, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода 18-годишните П.В. и Ј.Д. и еден малолетник, сите од Битола. Тие се сомничат дека извршиле повеќе тешки кражби на кафемати на повеќе места на подрачјето на Битола и кражба на нафта од автобус. По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Continue Reading
Малолетник од Скопско истепан од негов соученик, полицијата го расчистува случајот
Вчера во 17.40 часот во СВР Скопје, 53-годишниот Д.С. од село Љубанци, скопско, пријавил дека околу 11.00 часот во основно училиште во село Љубанци, неговиот малолетен син бил физички нападнат од негов соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Возило излета од локален пат во Струшко: меѓу повредените и малолетник
Вчера во 15.30 часот во Полициската станица Струга е пријавено дека на први мај околу 13.00 часот на локалниот пат за село Горна Белица, струшко, патничко возило „нисан терано“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Б.Џ.(50) од село Долна Белица, струшко, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка К.Џ.(45) од с.Долна Белица, а …
Continue Reading
Прегазена жена во Кочани, со тешки повреди пренесена во болница во Штип
Вчера во 09.11 часот во Полициската станица Кочани е пријавено дека на улицата „Глигор Апостолов-Гочо“ во Кочани, патничко возило „сузуки“ со кочански регистарски ознаки, управувано од А.Х.(56), удрило во пешакот Т.М.(46), двајцата од Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Т.М., констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.
Continue Reading
Малолетник од Тетовско внесен во „бмв“ и тепан со метален предмет, кога успеал да избега му се заканиле со пиштол
Вчера вечер во 23 часот и по полноќ, во 01 часот, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода 56-годишниот Џ.Д. од село Гајре, тетовско и 52-годишниот Л.Д. од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од 39-годишната З.Ј. од тетовско Џепчиште дека со употреба на сила го внеле нејзиниот малолетен син во нивното патничко возило „бмв х5“ и физички го …
Continue Reading
Кривична против маж од Гостивар: поради незадоволство од судска одлука се заканувал на судија
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Љ.О.(66) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 29.04.2025, поради незадоволство од судска одлука, пријавениот упатувал закани на М.П. – судија во Основен суд Гостивар во неговата куќа во с.Вруток, гостиварско.
Continue Reading
Ги нападнала свекрвата, золвата и сопругот: кривична пријава против 22-годишна жена од Македонска Каменица
СВР Штип поднесе кривична пријава против 22-годишната Л.С. од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“. На 27.04.2025 во семејниот дом, пријавената физички ги нападнала свекрвата, золвата и сопругот, по што се обидела со остар предмет да го нападне сопругот.
Continue Reading