Четири малолетнички физички нападнале и ограбиле девојче во Аеродром
Четири малолетнички физички нападнале и ограбиле 13-годишно девојче во Аеродром. Според информациите на МВР, А.Л.(47) од Скопје пријавил дека на 03.05.2025 околу 21.30 часот на подрачјето на општина Аеродром, неговата 13-годишна ќерка била физички нападната од четири малолетнички кои ги познавала, кои притоа и одзеле пари и лични работи. За настанот бил известен јавен обвинител за малолетници. Се преземаат мерки …
Continue Reading
Мртво новороденче донесено на Детска клиника, мајката се породила дома
Вчера во 07.15 часот во СВР Скопје, од Детската клиника при Комплексот клиники „Мајка Tереза“ во Скопје било пријавено во полиција дека околу 06.20 часот кај нив било донесено мртво новороденче. Лекар констатирал смрт, а, според пријавеното, 25-годишната мајка од Скопје во раните утрински часови се породила во својот дом во Скопје, по што таа и бебето биле пренесена на …
Continue Reading
Лишени од слобода четири лица на подрачјето на СВР Тетово, возеле побргу од дозволеното
Вчера во периодот од 14.00 до 20.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово и Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар извршиле акциска контрола за пречекорување на максимално дозволената брзина во и надвор од населено место. Притоа, поради безобѕирно управување со моторно возило по наредба од јавен обвинител од слобода биле лишени четири …
Continue Reading
Уапсен 24-годишник од Охрид, со стаклен предмет нападнал скопјанец
Денеска во 02.15 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Ф.П.(24) од Охрид, кој претходно во селото Песочани, општина Дебрца, со стаклен предмет го нападнал Ж.К.(45) од Скопје. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Continue Reading
Семејно насилство во Охрид: татко ја истепал својата ќерка, по што се вклучиле и други членови на семејството
Денеска во 00.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека Р.Б. од Охрид физички ја нападнал неговата ќерка, по што се вклучиле и други членови на семејството. По целосно документирање на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.
Continue Reading
Претреси во Кочани и кочанско, пронајдена дрога, приведени пет лица
Полицијата приведе пет лица од Кочани и кочанско, кај нив била пронајдена марихуана. Според информациите на МВР, на 3 мај уапсени се М.Ц.(21) од с.Облешево, кочанско, С.М.(26) од с.Чешиново, кочанско, А.Р.(26) од Кочани, Н.М.(20) од Кочани и Д.М.(19) од Кочани. При претреси во домовите на М.Ц. и С.М. во Облешево и Чешиново, извршени со судски наредби, била пронајдена и одземена марихуана. …
Continue Reading
По полноќ во Битола полицијата затекнала 23, а во Охрид шест малолетници
Полициски службеници при Секторот за внатрешни работи Битола во текот на 03/04 мај, во периодот од 21:00 до 03:00 часот, по претходно подготвен план спроведоа акциска контрола во угостителски објекти и клубови во Битола. Како што соопшти денеска МВР, притоа во билјард клуб лоциран на улицата „Климент Охридски“ биле затекнати осум малолетници после 24:00 часот, потоа во билијард клуб лоциран …
Continue Reading
Малолетник тешко повреден откако возејќи мотоцикл се судри со ауди
Вчера во 18.20 часот во полициската станица Гевгелија било пријавено дека на улицата „Маршал Тито“ во село Стојаково, општина Богданци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди А4“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(47) од Гевгелија и мотоцикл марка „педа“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од 17 годишен малолетник, исто така од Гевгелија. Во несреќата малолетникот се здобил …
Continue Reading
Почина возач, со автомобил излетал од патот
Вчера во 15.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Кочани – Штип, на влез во село Крупиште, општина Карбинци, В.М.Р. (60) од село Крупиште управувајќи патничко возило „форд“ со радовишки регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал надвор од патот. Возачот од здобиените повреди во несреќата починал на местото на настанот, а смртта била констатирана …
Continue Reading