Изминатите два дена 1452 сообраќајни прекршоци, 258 за брзо возење
На подрачјата на сите осум Сектори за внатрешни работи во текот на изминатите два дена (06/07.05.2025) полициските службеници во рамки на интензивните сообраќајни контроли издале вкупно 1452 платни налози по преземени мерки особено по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (ЗБСП), како и по основ на Законот за возила (ЗВ). Според статистичките податоци и натаму најголемиот број …
Continue Reading
Изгоре стан во Кичево, загина жена
Жена загина синоќа во пожар во својот стан. Пожарот избил на улицата 4 Јули во Кичево, а починатата е 72-годишна жена со иницијали З.С. од овој град. Таа починала од здобиените повреди од пожарот на лице место, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. Извршен е увид, а телото на почината е дадено на обдукција.
Continue Reading
Претрес во Скопје, пронајдени четири килограми марихуана, кокаин, пиштол
Денеска (07.05.2025) од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно обезбедена судска наредба за претрес на дом и други простории, извршен е претрес кај А.С.(21) од Скопје. При претресот, во помошна просторија која ја користел А.С. се пронајдени и одземени четири килограми марихуана, 18 паковки кокаин, една дигитална вага, еден боев пиштол ЦЗ …
Continue Reading
Тешко повреден кичевец: управувајќи четирицикл, изгубил контрола и паднал на патот
Синоќа во 19.00 часот во Полициската станица Кичево е пријавено дека на шумски пат во атар на с.Лешница, општина Зајас, Р.И.(54) од с.Трапчин Дол, кичевско, управувајќи четирицикл, изгубил контрола и паднал на патот. Во несреќата, Р.И. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Кичево. Увид на местото извршила екипа на ОВР Кичево.
Continue Reading
Поради кавга во сообраќајот, со нож му нанел убодни рани: уапсен гостиварец
Вчера во 10.30 часот на улица „18 Ноември“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.М.(61) од Гостивар. Тие постапиле по претходна пријава дека околу 10.00 часот на улица „Панче Попоски“ во Гостивар, поради недоразбирање во сообраќајот, со остар предмет му нанел убодни рани на М.Р.(26) од с.Чегране, гостиварско. Полицијата соопшти дека тој е задржан во …
Continue Reading
Пијан струмичанец со нож нападнал полицајци: бил запрен поради брзо возење
Полициски службеници од СВР Струмица вчера во 21.30 часот на ул.„Крушевска Република“ го лишиле од слобода Т.А.(41) од Струмица затоа што се обидел да нападне полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Тој претходно бил забележан од полициски службеници како со голема брзина и небезбедно управува возило комбе „мерцедес“, а откако бил запрен било констатирано дека возилото го управува со истечена регистрација. …
Continue Reading
Починат маж пронајден во неговиот дом во Скопје
Вчера во 12.03 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Бутел во Скопје бил пронајден починат Л.М.(77) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, соопшти полицијата.
Continue Reading
Уапсен крадец во Кавадарци, крадел по куќи, цркви и болница
Полицијата до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против О.В.(42) од Кавадарци поради постоење основи за сомнение за сторени четири кривични дела „тешка кражба“. Според информациите на МВР, во периодот од ноември 2024 година до мај 2025 година, тој со употреба на сила и подесен алат од семејни домови, од Општа болница Кавадарци и од верски објект во Росоман …
Continue Reading
Поднесено обвинение за осомничениот за пожарот во куќата и станот на покојниот Зоки Фаци
Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши претходната постапка и ги прибра доказите врз основа на кои поднесе обвинение против едно лице за две кривични дела – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот беше идентификуван како одговорен за намерно предизвикување пожар во викенд-куќа во Катланово и во стан во Скопје, кои биле во сопственост на …
Continue Reading