Дрога и оружје пронајдени кај скопјанец, поведена истрагa

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе nаредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено дека извршило кривични дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 и Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 од Кривичниот законик. Полициски службеници вчера извршиле претрес …

Continue Reading

Кривична пријава против поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“ за злоупотреба на службената положба

Охридската полиција поднесе кривична пријава против В.А.(53) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот, поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“- Скопје, Подрачно одделение Охрид, во периодот од 2022 година до август 2024 година, не воспоставил прецизен интерен протокол за реализација на прекувремената работа, при што било невозможно реално евидентирање …

Continue Reading

Tинејџер нападнат од повеќе лица на автобуска постојка во Центар

Седумнаесетгодишно момче пред три дена било нападнато од неколку лица на автобуска постојка во центарот на Скопје. Случајот бил пријавен во МВР во текот на вчерашниот ден. Според информациите, најверојатно зад нападот стојат малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Continue Reading

Двајца исчезнати во Скопје, едното е дете

Две лица во текот на изминатото деноноќие биле пријавени за исчезнати во Скопје. Во првиот случај, во Гази Баба, Х.И.(24) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата сопруга Ј.И.(19), која имала здравствени проблеми. Второто исчезнување било пријавено денеска во 2.50 часот. Во Полициска станица Бит Пазар, А.Б.(50) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот малолетен син А.Б.(14). …

Continue Reading

Дете натепано од соученик во Ѓорче, насилството снимано со телефон и објавено на социјална мрежа

Случај со малолетничко насилство во Скопје заврши во рацете на полицијата. Според пријавеното во МВР, пред два дена, на 6 мај, малолетно дете било нападнато во Ѓорче Петров од страна на негов соученик.  Друг малолетник, како што информираа од полицијата, настанот го снимил и го пуштил на социјална мрежа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Се заглавил во машина за бетон: загина работник од Бангладеш, кривична за сопственикот на фирмата

ОВР Кратово поднесе кривична пријава против Б.О.(40) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, во врска со „предизвикување општа опасност“. Пријавениот, сопственик и управител на правно лице од Гостивар, преку фирма од Бангладеш ангажирал двајца работници од Бангладеш без работна дозвола, без извршен систематски здравствен преглед, како и без обука за …

Continue Reading

Маж од Кочани ја следел поранешната партнерка: и се заканувал

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.М.(39) од Кочани. Toj се сомничи п за сторено кривично дело „демнење“. Пријавениот ја следел неговата поранешна партнерка и ѝ праќал пораки со заканувачка содржина.

Continue Reading

Двајца повредени, едниот потешко, во сообраќајка во Скопско

Во СВР Скопје вчера околу 12.40 часот било пријавено дека на локален пат с.Арачиново – с.Орланци се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.К.(25) од с.Брест, скопско и патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(42) од с.Бардовци, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „цитроен“, …

Continue Reading

Прегазен малолетник во Гостиварско

Вчера околу 16.00 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека во с.Добридол, гостиварско, патничко возило „сеат леон“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(39) од с.Добридол, удрило во малолетен пешак од истото село. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

Continue Reading