На магистралниот пат Охрид- Кичево, кај месноста „Петља“, вчера попладне полицијата го уапси 43- годишниот Г.Н.(43) од Охрид. При преглед во неговиот автомобил „ауди“ со охридски регистарски ознаки, пронајдена и одземена е марихуана. По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.